MAMA
На мама и останаа уште само неколку месеци живот и има само една и единствена желба
Тажна приказна за еден млад брачен пар
Тифани неколку дена по Нова година доби непријатен телефонски повик
Во прашање беше повик од болницата во кој и кажаа дека има напреден колангиокapцином или тyмop на жолчните канали во внатрешноста на црниот дроб и дека и останува уште малку живот.
Откако претходно со месеци трпела болки во желудникот, на младата мајка Тифани Ден (27) од заливот Херне во Кент непосредно пред Божиќните празници, 2020 година, и беше кажано дека има колангиокapцином, редок тyмop на жолчниот канал што погодува само 4 или 5 луѓе на 100.000.
Нејзината шокантна диjaгноза потоа беше потврдена и докторите позборувале со неа и со нејзиниот сопруг Шон (32).
Тогаш и беа кажани страшните вести дека нејзиниот тyмор е веќе неоперабилен, односно нејзиниот paк веќе напредувал и дека од животот и остануваат само уште неколку месеци до година дена. Оваа вест секако дека ги погоди сите, посебно претходно здравата мајка на Хенри и Клои кои имаат седум и шест години, како и нивното 16 месечно братче Јакоб.
Тифани започна да оди на хемотерапии надевајќи се дека ќе добие повеќе време да помине со своите деца. И единственото нешто што сега и преостанува е да остави неколку спомени, пораки и подароци за нив.
„Тоа ви ја уништува душата. Никогаш не мислиш дека такво нешто може да му се случи на лицето што го сакаш“, вели Шон.
Тој очајно се надева дека неговата сопруга ќе живее доволно долго и дека во август ќе можат да прослават пет години од бракот.
„Како да губам дел од себе“, вели тој.
Овој пар се запозна во пабот во кој што Шон работел кога таа имала 18 години, а тој 23, а сега заедно планираат подароците што Тифани ќе ги остави за нивните деца се до 18-от роденден.
Покрај тоа, таа ќе се снима како Шон би можел да им ги пушта нејзините пораки за да можат да се сетат на нејзиниот глас.
Гледавме филм еднаш заедно дома пред неколку години. Тоа беше откако го добивме Хенри и се обидувавме да имаме убава вечер за викендите. Во тој филм едниот родител го губи животот и остава подароци зад себе. Тој филм ја инспирираше Тифани. Таа секогаш зборуваше: И јас би го направила тоа кога би знаела дека ми се ближи крајот“, изјави Шон.
Мајката исто така се надева и дека ќе остави доволно пари за да можат нејзините деца да полагаат за возачка дозвола кога ќе наполнат 17 или 18 години, а сакаше да избере и парче накит што Клои ќе го носи на денот на нејзината свадба.
Најтешко и беше да избере подароци за нејзиното бебе, бидејќи Јакоб се уште е мал и не знае што би можело да му се допаѓа.
„Што се однесува до Јакоб, ние не знаеме што ќе му се допадне, па Тифани ќе најде играчки за неговата возраст се до 10 години. Потоа ќе остави пари, ќе одложи за за неговите понатамошни родендени, за да можеме да му дадеме подарок и од неа“, објаснува Шон за странските медиуми.
И покрај сите маки, тие се соочуваат и со тешка финансиска ситуација бидејќи Тифани ја напуштила работата како негувателка и останала дома, а Шон бил присилен да се откаже од работата како сликар и декоратор во 2018 откако му се влошила повредата на неговиот грб, па сега пари за подароци собираат преку страницата „GoFoundMe“.
За време на карантинот и вирусот корона целото семејство мораше да внимава заради најстариот син кој има проблеми со срцето. Тој има тетралогија Фалот, ретка состојба предизвикана од комбинации на четири срцеви мани кои се присутни при раѓањето. Овие недостатоци, кои влијаат на структурата на срцето, предизвикуваат од срцето да излегува крв сиромашна со кислород и да оди во останатите делови на телото. Како мал имаше операција на срцето.
Тифани болката во желудникот почна да ја чувствува додека беше во карантин, во септември минатата година. И изнемоштена од проблеми со желудникот и постојаниот замор, таа побара совет од докторите, но беа сигурни дека нејзините симптоми се сведуваат на синдромот иритабилно црево (ИБС), ниско ниво на железо или едноставно исцрпеност од родителството.
Но кога во септември почувствувала грутка на стомакот, во ноември повторно го посетила докторот и направила комплетен тест на крвта.
Непосредно пред Божиќ заврши во болница
Тогаш и кажале дека мора да дојде за да и го исперат организмот, заради високото количество на калциум.
Направена и е биопcија, како и ПЕТ рендген.
Откако и биле препишани лe*oви за намалување на нивото на калциум, Тифани била испратена дома, а докторите продолжиле со анализа на нејзината крв за да ја утврдат причината за болecта. Но и покрај тоа што никаква болecт не беше потврдена, тие ја предупредиле на лоши вести.
Кога ја отпуштија дома, набројаа три вида на кapцином, вклучувајќи и еден со многу ниска стапка на живот.
Потоа, неколку дена по Нова година, им се јавиле од болницата и им кажале дека Тифани има напреден колангиокapцином или тyмop на жолчните канали во внатрешноста на црниот дpoб.
„Прво не прашаа дали седиме. Потоа ни кажаа дека тyморот не се лeкyва, дека е неоперабилен и дека напреднал“, вели тој.
Сопружниците потоа отишле на консултации со oнкoлогот на Тифани, каде повторно добиле лоши вести.
Откако им објаснила дека paкот останал неоткриен цели две години, им кажала дека најверојатно и преостанува уште една година живот.
„Нашиот свет во тој момент се распадна. Помеѓу напуштањето на болницата и тој состанок, тyмopoт веќе беше пораснат во желудникот. Во рок од две недели поминавме од незнаење дека е болна до фактот дека повеќе нема да биде со нас. Немавме време за размислување“, вели Шон.
Потоа таа се почесто беше изморена
„Секогаш кога ќе јадеше ќе и беше лошо. Правев се што можев за да и донесам лe*ови по потреба, за да ги задржи течностите и да ја натерам да почне да јаде. И ги исполнував сите желби – и правев сладолед, и давав овошје, се што мислев дека ќе и даде енергија“, вели Шон.
Но по само неколку дена ситуацијата се влоши
Таа повеќе не можеше ни да зборува, а крвните тестови покажаа дека нивото на калциум повторно и било опасно високо. И очајно сакајќи да ја држи надвор од болница и на сигурно од Ковид-19, Шон ја контактирал болницата Пилгрим, каде конечно се согласиле да ја однесат Тифани со брза помош.
„Сите даваа совет да и биде угодно и да ја пуштиме да си замине, но јас знаев дека не е подготвена за заминување. Внесувавме во неа течности и лeкаpcтва, навистина постапувавме со неа со љубов и внимание Ни беше кажано дека има уште неколку месеци, а потоа за само три дена речиси изгасна“, вели Шон.
Таа е отпуштена од болницата при крајот на јануари и се уште има проблеми со хипepкалциемија и акутно откажување на бyбрезите, но таа продолжува да се бори да остане колку што може подолго покрај своите деца. Оди на хeмотepaпија за да може да го намали тyморот, а докторите се надеваат дека ќе успее да помине шест термини во следните осум недели, за да издржи до крајот на март.
„Би сакале да ја прославиме следната годишнина и се надеваме дека малку повеќе ќе остане со нас. Но она што знаеме е дека можеме да и дадеме само уште многу малку време“, вели нејзиниот сопруг.
Парот не сакаше да крие од своите деца дека нивната мајка е болна, па реши да им ја соопшти нејзината здравствена состојба.
„Тие знаат дека на нивната мајка и е лошо, а и не сакаме да ги шокиpaме кога ќе замине. Мојата ќерка беше многу вознемирена и скршена, но моето момче, секако, не сакаше да поверува во тоа. Тој се уште мисли дека докторите можат да ја оздрават и да и помогнат на неговата мајка. Морав да му објаснам дека тоа не е баш така, но дека мама прави се што е во нејзина моќ за да остане што подолго и дека секогаш ќе го гледа од небото и ќе ги чува. Не сум голем верник, но се надевам дека тоа ќе им даде барем малку утеха и дека ќе знаат дека нивната мајка секогаш ќе ги сака“, вели сопругот на Тифани.
„Апсолутно и е грозно помислата дека можеби децата нема ни да се сеќаваат на неа еден ден. Но јас нема да дозволам тоа да де случи. Ќе имаме фотографии низ целиот дом и пораките од нивната мајка што ќе им ги давам. Заслужува нејзините деца да се сеќаваат на неа“, вели сопругот.
„Од една страна толку ми е драго што имам прилика да им оставам мало парче од мене, но во исто време е потресно кога знам дека ќе растат без мене. Се што можам и колку можам да им го олеснам животот на моите деца без мене јас ќе го направам, да им покажам колку ги сакав“, изјави Тифани, пишува „The Sun“.