Дом и семејство
Најубави вести од домот на омилениот турски пар: Неџла објави неодолива фотографија- сите им честитаат!
Го чекаат второто дете...
Бали Бег и Неџла како што милува да ги нарекува нашата јавност имаа голема причина за славење.
Имено тие по многу шпекулации за распад на бракот, открија дека го очекуваат второто дете а со тоа ставија крај на шпекулациите дека љубовта им е на климави нозе.
Преку нејзините објави и новите фотографии најлесно може да се заклучи како напредува бременоста на Фахрије Евџен, која веќе има еден син со Бурак Озџивит, а сега сите во познатото турско семејство со нетрпение го очекуваат второто дете.
Сопругата на Бали Бег утрово по долго време со своите следбеници на социјалните мрежи ги сподели своите нови фотографии на кои се гледа целата фигура на актерката, па можевме да го видиме и нејзиниот труднички стомак. Ова е и прва серија на фотографии кои ги споделува Фахрије по објавата дека е бремена со второ дете.
Веста дека сопругата на Бали Бег повторно е во блажена состојба стигна на почетокот на јули, а избраничката на Бурак сега е веќе во петтиот месец од бременоста, па доаѓањето на бебето се очекува на почетокот на следната година.
Нејзиниот стомак, поприлично е голем. Познатиот брачен пар веќе го има синот Каран, кој го добија пред три години, а веста за своето второ дете ја дочекаа по петгодишнината од бракот.
Откако синот Каран доволно порасна, актерката се врати на ТВ екраните но тоа враќање не траеше долго. Актерката реши да ја напушти серијата која ја снимаше по првата сезона.
Веднаш по оваа одлука се појави вест дека актерката е бремена.
Бурак Озчивит и Фахрије Евџен се заљубиле пред девет години, а потоа се венчале во 2017 година, за две години подоцна да го добијат синот Каран.
Инаку Фахрие Евџен и Бурак Озчивит важат за едни од најубавите актерски парови во Турција, а додека тамошните медиуми ги разведуваа со месеци, се чини дека тие никогаш не биле посреќни.
Не само што семејството Озчивит никогаш не било среќно, туку сега има посебна причина за тоа.
Шармантниот актер и убавата Фахрие ја прославија петтата годишнина од бракот. Иако досега не ги коментираше наводите, особено оние за развод, овојпат реши да докаже дека тие не се точни. А дека нема причина за грижа потврдуваат и идиличните фотографии и веста за приновата.