Дом и семејство
Најубавите фотографии од Неџла и Бали Бег- не сте ги виделе во вакво издание, фановите воодушевени од омилениот турски пар
Позираа пред новогодишната елка...
Фановите на Бурак Озџевит и Фахрие Евџен со нетрпение ги очекуваат нивните заеднички фотографии особено сега кога го очекуваат второто дете.
Имено Фахрие ситно брои до породувањето па оваа година семејството ќе добие засилување за уште едно синче.
Парот кој важи за еден од омилените парови во Турција, го има синот Каран а сега по повод новата година тие споделија низа фотографии и ги израдуваа фановите.
„Нека 2023 биде година која доаѓа со здравје и мир“ – напиша Фахрије под фотографиите а доби низа коментари поврзани со нејзиниот изглед.
Откако го роди синот Каран и кога тој доволно порасна, актерката се врати на ТВ екраните а ова враќање не траеше долго бидејќи по првата сезона таа си замина а малку потоа се појави вест дека актерката е бремена.
Бурак како горд татко и сопруг пред неколку дена ги објави трудничките фотографии на сопругата на кои стомакот и е во преден план и покажуваат дека бременоста одлично и прилега.
Бурак Озчивит и Фахрије Евџен се заљубиле пред девет години, а потоа се венчале. Синот на парот, Каран, кој се венча во 2017 година, се роди во април 2019 година.
Инаку Бурак Озџивит (37) ги полуде жените ширум светот со улогата Бали-бег во популарната серија „Сулејман Величествениот“.
Неговото срце го освои Фахрије Евџен популарната турска актерка која нашата јавност ја запозна по улогата на Неџла во серијата Кога лисјата паѓаат.