Кафе муабет
Најтрогателниот момент од свадбата на Михајло: Потресниот говор на синот посветен на Шабан Шаулиќ ги расплака сите присутни!
Му недостасуваше да биде до него...
Додека беше жив, кралот на народната музика Шабан Шаулиќ во речиси секое интервју нагласуваше дека најголема желба му е да го ожени синот Михајло, и од него да има внуци.
Михајло вчера се ожени со Марина Велимировиќ. Бидејќи знаел дека неговата свадба беше најголемата желба на неговиот покоен татко, Михајло наздравил во негово име и ги расплакал сите присутни.
Имено, Михајло никогаш не криел дека загубата на неговиот татко се уште не ја преболел и дека многу му недостасува особено на толку важен ден како што е свадбата. Според присутните, емоциите постојано се менувале, особено кога пејачот по говорот на Михајло ја испеал „Свадбена песна“ на Шабан.
– Михајло како што и сам напомена во неколку наврати, се уште не го преболел заминувањето на Шабан, и се чини дека сето ова му е најтешко. Татко му е постојано во мислите, вчера особено му беше тешко што не беше покрај него. Наздравуваше со гостите, а потоа со грутка во грлото му ги посвети на Шабан следните зборови:
„Tатко мој, не можев да ја замислам мојата свадба без тебе. Не се договоривме така, нашите планови беа поинакви. Знам дека сега не гледаш и дека си среќен. Ќе бидеш тука преку твоите песни, кои оркестарот ми ги пее откако те нема“ – изјави за С.Телеграф извор од местото на настанот и додаде дека сите присутни ги полазиле морници кога пејачот по говорот ја испеал песната на Шабан:
-Кога почнаа стиховите „Ајде татко, кити ги свирачите, ќе играме уште подобро и погласно, цело маало нека чуе дека си го оженил синот“, се расплака Гоца и ги прегрна младенците. Ниту на Илда, ниту на Санела не им беше ништо помалку тешко, но тие издржаа сè и уживаа во безвременските хитови на нивниот татко.
Откако Михајло и Марина ја крунисаа својата љубов, тие приредија голема прослава за бројните пријатели и членови на семејството Шаулиќ.
Инаку, младоженецот пред свадбата стана генерален конзул на Србија во Цирих, што беше уште една причина за славење, но на Михајло, кој е единственото машко дете од бракот на Шабан Шаулиќ и Гордана, најмногу му недостасуваше неговиот татко а тоа не го криеше.
Еден од гостите присутни на свадбата беше и Зоран Пејиќ Пеја, кој зборуваше за неговиот покоен пријател Шабан Шаулиќ.
– Го обожавам Михајло. Тој е момче кое порасна со сите нас. Шабан беше многу скромен човек, но копнееше по свадбата на својот син. Тој рече дека единственото нешто што не сакал да го пропушти е свадбата на неговиот син. Верувам дека тоа и го кажа на Гоца, а таа се потруди свадбата да биде онаква каква што сакаше Шабан – изјави Пеја.
Да потсетиме, според неофицијални информации, младенците за венчавката потрошиле повеќе од 70.000 евра. За свадбената веселба во хотелот искеширале дури 48.000 евра, додека за двете венчаници што ги носеше Марина издвоиле 20.000 евра.