MAMA

Најслаткото девојче на светот: Кога мама ќе ја „фати“ дека зима чоколадца, таа се преправа дека спие стоејќи

Грицките и чоколадите се најголемиот извор на радост на децата

Бабата ја снимала нејзината снаодлива внука, преправајќи се дека спие додека стои зошто скришно си земала грицки и чоколадо.

Грицките и чоколадите се најголемиот извор на радост на децата.Кога родителите ќе решат да не попуштат, тогаш се појавуваат проблеми, но и креативни решенија за да се добијат.

Двегодишната Амал била фатена од нејзината баба како „спие“ со слатки во раката.Оваа тактика ја воодушеви бабата, но и целиот интернет.

Како да им обезбедите здрава и урамнотежена исхрана на вашите деца

На децата посебно им е потребна здрава храна богата со витамини и минерали кои ќе им овозможат правилен раст и развој. При планирањето на исхраната на нашите деца неопходно потребно е да посветиме внимание на храната што ја консумираат како и на хранливите материи што ги внесуваат со неа. Во продолжение ќе ги разгледаме петте најважни нутриенти неопходни за организмот во развој. Тие ќе осигураат детето да има јаки коски и заби, регулиран систем за варење, големи количини на кислород во крвта и здрави прехрамбени навики кои ќе се задржат и понатаму во животот.

Калциумот овозможува коските и забите да бидат здрави и јаки и е многу важен во периодот на раст на коските. Со калциум се богати млекото и млечните производи како и листестиот зеленчук. Па така, освен млекото и сирењето, со калциум се богати и следниве намирници: кељ, брокула, сусам, семе од сончоглед, бадеми, грав, суви смокви, овес.

Погрижете се овие намирници редовно да бидат на менито на вашето дете.

На пример , појадокот може да биде овесна каша или интегрални житарки со млеко и со парчиња овошје. За ужинка можете да му дадете чаша јогурт или парче интегрален леб со кашкавал или сирење. Исто така можете да подготвувате и интересни шејкови со млеко и овошје кои сигурно ќе му се допаднат на вашето дете, а истовремено ќе претставуваат извор на витамини и калциум.

Растителни влакна

Растителните влакна обезбедуваат правилно функционирање на органите за варење и треба редовно да се наоѓаат на трпезата на вашето дете. Еден одличен начин да се започне денот е чинија интегрални житарки богати со влакна кои ќе ја исполнат дневната потреба на детето од ваков вид на храна. Интегралните житарки обезбедуваат 3 или повеќе грама влакна по оброк, па настојувајте тие да ви бидат главен избор.

Што повеќе има шеќер во житарките, толку помалку има влакна. Во житните каши можете да додавате парчиња свежо или сушено овошје, како и цели или мелени семиња (од сончоглед, тиква, сусам) и јаткасти плодови (ореви, бадеми, лешници и сл.), во зависност од возраста на детето.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close