Кафе муабет

Најлесниот начин за одгледување на лимон – ќе се роди каде и да сте го засадиле, но внимавајте на ова!

Еве што да направите за вашиот лимон да роди плод!

Ќе ви требаат од 3 до 6 години да го добиете првиот плод од дрвото што го засадивте од семе, но сепак вреди…

Оние кои засадиле и одгледувале лимонското дрво, знаат колку убаво и свежо мириса. Ниту еден лимон купен во продавницата не може да се спореди со домашниот лимон.

Општо мислење е дека лимонското дрво успева само на места со топла и сончева клима. Но, вистината е дека може да расте и да се размножува и во затворени и добро климатизирани простори.

Ќе ви требаат од 3 до 6 години да го добиете првиот плод од дрвото што го засадивте од семе но сепак вреди!

1. Набавете органски лимон (можеби е скап, но ќе ви требаат само неколку лимончиња)

2. Отстранете го семето од него

3. Подгответе мешавина од почва за вашето идно лимонско дрво (најдобро растат во мешавина од тресет, перлит, вермикулит и органско ѓубриво). Почвата мора да биде доволно лесна за да истекува вода. Ако почвата е премногу густа, додадете лушпи од кората што ќе ја направат воздушеста.

4. Изберете саксија со дијаметар од 20 см. Можете исто така да користите пластична саксија, како и саксија направена од дрво. За почетниците, многу е важно да садите семе од лимон во помала саксија, сè додека не растат.

5. За да може да ‘рти семето, му требаат од 10 до 14 часа светлина, затоа изложувајте го на вештачка светлина во отсуство на природна светлина. (Обезбедете му светлина, како онаа на штотуку изведени – пилиња. Покрај светлината, тоа ќе ги загрее и семето и садот).

6. Полевајте ја саксијата и семето секој ден. Најдобро би било кога водата би била млака, а почвата убаво навлажнета.

Постапка на садење:

Сега кога имате сè, започнете со садење:

1. Направете чај од камилица, па оставете го да се излади. Исечете го лимонот и извадете го семето. Ставете голи и неоштетени семиња од лимон во млак чај од камилица.

2. Наполнете ја саксијата до половина со земја и добро наводнете ја, сè додека не се изедначи рамномерно. Потоа наполнете ја саксијата скоро до врвот, и наводнете повторно.

3. Распоредете го семето рамномерно во садот и покријте ги со нов слој почва (на длабочина од околу 3 сантиметри), а потоа наводнете ја почвата повторно. Нежно натапкајте ја земјата за да се вклопи убаво.

4. Покријте ја саксијата со најлонска фолија и оставете ја  на топло место. Бидете сигурни дека почвата е топла и влажна за да рти семето. По две недели, лимонот ќе никне.

Кога лимонското дрво ќе порасне малку, мора да го нахраните и тоа двапати годишно, но никогаш над лисјата.

Почвата на лимонското дрво не смее да биде сува, но исто така не треба и да има премногу вода. Не смее да му недостасува светлина. Доколку нема природно светло, обезбедете му вештачко светло.

И уште една важна работа: лимонското дрво обожава кога ќе му се обратите, разговарате со него, ќе му пеете, ќе го погалите…

Ако го направите сето ова како што ви објаснивме, ќе уживате во прекрасните плодови од вашиот труд.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close