Кафе муабет

Направи свадба од 200.000 евра, ужива во луксуз со новата сопруга а ги запостави децата- Емина Јаховиќ конечно кажа се за односот со Мустафа

Се уште се судат...

Иако јавноста мислеше дека Емина Јаховиќ и нејзиниот поранешен сопруг, турскиот пејач Мустафа Сандал со кој се разведе пред речиси пет години ги средија односите меѓу нив и конечно не се во лоши односи сепак пејачката сега реши да прозбори и ја откри целата вистина.

фото инстаграм/Емина Јаховиќ

Имено Мустафа заврши на суд поради тоа што не плаќаше алиментација а сега Емина откри дека таткото на нејзините синови Јаман и Јавуз се уште должи пари за алиментација.

фото инстаграм/Емина Јаховиќ

Имено, пејачката го обвини Мустафа дека не и плаќа редовно издршка. Од друга страна, тој прикажал доказ дека во последните пет години и платил 1,8 милиони турски лири.

фото инстаграм/Емина Јаховиќ

„Тоа продолжува и ќе продолжи. Во мојот случај се работи само за принципот што мора да се почитува и одговорноста што мора да се преземе. „Адвокатите си ја вршат работата, јас не им се мешам“, рече Емина.

фото инстаграм/Емина Јаховиќ

Како што тврди, турските медиуми не се објективни за овој случај.

„Скоро сите написи во весниците се секогаш на страната на мојот поранешен сопруг, случајно или намерно. Но, одамна престанав да се грижам. Едноставно тоа веќе не ме засега“, искрено призна  Емина за „Стори“.

фото инстаграм/ Емина Јаховиќ

Пејачката додава дека нејзиниот поранешен сопруг измислува дека е во финансиски проблеми.

фото инстаграм/ Емина Јаховиќ

„Сè уште ни се суди и се надевам дека правдата ќе победи! Тој не е во никаква криза. Еве, ако еден ден има финансиски проблеми, ќе работам кај него бесплатно“, изјави во таа прилика Емина.

Фото Инстаграм/Емина Јаховиќ

Мустафа минатата година се ожени со својата нова избраничка, русокосата Мелиса Сутсуруп, па сега Емина за прв пат јавно реши да прозбори како го доживеала целиот тој период и сите написи кои се појавија во врска со неа.

Фото Инстаграм/Мустафа Сандал

“Моментално не сум во долга врска, ова никогаш не ми се случило. Крив е Сатурн. Не значи дека никој не ми се додворува. Се случи на приватно поле мојот поранешен сопруг да се ожени, па јас мораше да бидам таа што ќе се посвети повеќе на децата.Навистина му посакувам многу среќа. Секогаш ќе биде мој пријател и татко на моите деца, но да се фрлив на забава децата ќе останеа запоставени. Кога ќе се заљубам знам да се лизнам малце па се контролирам. Сакам да им се посветам на децата. Останатото ќе си дојде природно.Чудно ми е што толку време траеше.Се надевам ќе најдам сродна душа“, заклучи таа во емисијата „Ексклузив“.

фото инстаграм/Мустафа Сандал

Емина неодамна истакна дека ужива во слободата. Таа призна дека на нејзините наследници им било тешко да го прифатат разводот на нивните родители.

Фото Инстаграм/Мелиса Сутсуруп

– Не е лесно да се биде дете на разведени родители, тоа е судбината на моите синови, но јас ги воспитувам така што тие учат од тие понепријатни фази во животот. На крајот, колку и да е сурово, само ќе ги направи посилни. Сакам само моите деца да пораснат во добри, искрени, ментално здрави луѓе, со многу емпатија кон другите и храброст во животот, изјави таа за „Стори“.

Фото Инстаграм/Мелиса Сутсуруп

-Слободата скоро ја запознав и морам да признаам дека таа нема цена. Долго време мислев дека врските љубомората и забраните се доказ за љубов. Сега сфаќам дека може вистински да те сака само некој кој ќе ти дозволи да леташ слободно, да се извишуваш и да уживаш гледајќи те во сета своја слава, а потоа секогаш му се враќаш уште позаљубена и поцелосна.

фото инстаграм/ Емина Јаховиќ

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close