Кафе муабет
НАПРАВИЈА СВАДБА ЗА КОЈА СИТЕ ЗБОРУВАА: Таа го остави момчето а тој бремената свршеница- љубовта победи се и сега уживаат со трите деца
Таа блесна во романтична венчаница со ремен украсен со цветни мотиви, раскошен вел и потпис на познатиот турски дизајнер Хакам Јилдирим...
Регионот го освоија со улогите на Шехерезад и Онур, сапуницата која го означи почетокот на инвазијата на турските серии наречена „Илјада и една ноќ“.
Убавата Шехерезад ја играше Бергузар Корел, а друштво и правеше Халит Ергенч, кој набрзо се прослави со улогата на Сулејман Величествениот.
Првата средба на снимањето за била толку посебна но кобна за нивните тогашни партнери кои ги оставија за да бидат заедно.
Бергузар го оставила тогашното момче- , а Халит ја оставил бремената сопруга која разочарана и лута поради неговото неверство решила да абортира.
Бергузар и 12-години постариот Халит не чекаа долго за да си го кажат судбоносното „да“. Тие се заколнаа на вечна љубов на почетокот на август 2009 година, а „прекрасната турска свадба на векот“ со денови беше главна вест од Истанбул.
Таа блесна во романтична венчаница со ремен украсен со цветни мотиви, раскошен вел и потпис на познатиот турски дизајнер Хакам Јилдирим.
По церемонијата, парот со гостите замина во свечената сала на екстравагантниот хотел „Les Ottomans“ во областа Бешикташ, на европскиот брег на Босфор.
За нивниот меден месец, тие го избраа Париз, градот во кој отидоа на првото заедничко патување во 2008 година, откако извесно време бегаа од снимањето.
Денеска живеат во елитниот дел на Истанбул, со трите деца – синовите Али и Хан и девојчето Лејла.
Иако во медиумите на големо се пишуваше за нив, дека бракот им е пред paспад, сепак двојката изгледа ги надмина несограсувањата или пак се работеше за дезинформации.
– Не се согласуваат околу многу работи. Најлошо е што Халид не сакаше друго дете зошто се смета за премногу стар, а неговата сопруга го наговарала на тоа речиси две години. Кога останала бремена, бил пресреќен, но откако се породила, целосно му се посветила на детето и тој се нашол запоставено и заборавено. Одлучиле да се разијдат на неколку месеци, а после тоа ќе одлучат дали засекогаш ќе се разделат, рече извор близок до двојката. Наводно 50-годишниот Халит веќе почнал да се допишува со друга жена за која турските медиуми наведуваат дека е многу популарна и важи за една од најголемите актерски надежи во Турција.
-Му недостасува страст и жар, а сопругата го одбива. Едноставно, ја снема хемијата, таа воопшто не се труди тоа да го поправи, а тој има потреба како и сите други, додаде извор.
Многумина актерот го осудија поради ова и патем му упатија бројни негативни коментари.
– Да, најлесно е да се отиде кога е тешко и да се пронајде друга жена која ќе ги задоволи твоите интимни потреби и апетити. Многу бедно“, напиша една негова доскоро, верна обожавателка.
Халид тогаш истакна дека нивниот брак е среќен и дека најмногу се грижеле за тоа како да се заштитат од вирусот Корона.
Таа во една прилика рече дека сопругот е тој кој и помага околу децата, и дека и е најголема поддршка.
„Халит секогаш ми помага во сé. Не се сеќавам дека некогаш сум се чувствувала осамено во смисла дека сама морам да го воспитувам и одгледувам Али, за време на сите овие години“ – гордо изјави Бергузар непосредно пред второто породување. Тоа што е опкружена со тројца мажи не само што воопшто не ја плаши, туку напротив, максимално ужива со нив.
„Фактот дека во куќата имате тројца мажи и дека сите тие ме сакаат и ќе ме направат да се чувствувам уште поубаво, и воопшто тоа не ме плаши, туку напротив ме радува многу“, заклучи тогаш актерката.
Иако во последно време медиумите шушкаа дека нивниот брак е во криза, оваа прекрасна вест конечно стави крај на негативните шпекулации а во меѓувреме Шехерезад доби засилување и ја роди ќерката Лејла.