Нега и здравје
Направете сами моќен напиток кој го прочистува телото и го зајакнува имунитетот!
Ова е силен тоник, така што може да предизвика повраќање или гадење додека не се навикнете...
Ви претставуваме природен рецепт кој датира од средновековна Европа.

Се верува дека овој природен лек убива инфекции во телото и има силен антивирусен и антифунгален ефект, ја подобрува циркулацијата и лимфата во телото.


Овој тоник може да помогне кај вирусни, бактериски, паразитски и габични заболувања. Помага при многу хронични заболувања и ја прочистува крвта, пишува Agrosavjet.com.

Потребни состојки:
– 700 мл јаболков оцет (секогаш користете природен оцет)
– 1/4 чаша ситно сецкан лук
– 1/4 чаша ситно исечен кромид
– 2 парчиња свежи лути пиперки, најлутите што можете да ги најдете
– 1/4 чаша рендан корен од ѓумбир
– 2 лажици корен од рендан рен
– 2 лажици куркума, прав


Во стаклена тегла измешајте ги сите состојки освен оцетот. Истурете јаболков оцет, добро затворете ја теглата и протресете. Чувајте ја смесата на ладно и темно место две недели, тресејќи ја теглата неколку пати на ден. Потоа процедете ја смесата со газа за да остане само сокот. Вашиот тоник е готов!
Внимание: Има многу силна и остра арома! Не консумирајте го на празен стомак и започнете со 1 чаша во првите неколку дена. Ова е силен тоник, така што може да предизвика повраќање или гадење додека не се навикнете.

Пред да започнете да го пиете, јадете парче портокал и лимон за да го ублажите горчливиот вкус.
Не разредувајте го овој тоник со вода, бидејќи тоа ќе го намали ефектот.
Една лажица од овој пијалок дневно е доволна за да го подобрите имунитетот, но бидете внимателни бидејќи е прилично лут.