Кафе муабет

Му роди син на Дарко Лазиќ па тој ја остави поради Барбара: Вака сега изгледа Марина Гагиќ- поранешната на фолкерот е вистинска БOМБA!

Изгледа прекрасно...

Поранешната избраничка на Дарко Лазиќ, Марина Гагиќ, привлече големо внимание во јавноста со својата најнова објава на Инстаграм.

Фото Инстаграм/Марина Гагиќ

Гагиќ е поранешната партнерка на фолк пејачот Дарко Лазиќ, која беше бремена кога беше објавено дека пејачот доживеал страшна несреќа.

Фото Инстаграм/Марина Гагиќ

По раѓањето на синот Алексеј и успешното закрепнување, Марина и Дарко се разделија а некои медиуми тврдеа дека „виновникот“ за крахот на врската била токму пејачката Барбара Бобак.

Фото Инстаграм/Марина Гагиќ

Дарко неодамна раскина со оваа пејачка, а медиумите извесно време немаа можност да ја видат Марина.

фото инстаграм/Дарко Лазиќ
фото инстаграм/Дарко Лазиќ

Сега таа објави неколку слики на Инстаграм кои покажуваат дека никогаш не изгледала подобро.

фото инстаграм/Марина Гагиќ

Убавата мама облече светло розево мини фустанче кое ги истакна нејзините долги нозе, а комбинацијата ја дополни со сребреникава чанта и сандали.

фото инстаграм/Марина Гагиќ

Марина Гагиќ го тужеше Дарко Лазиќ

Марина истакна дека не можела да се договори со Дарко надвор од судските лавиринти, па решила да поднесе тужба.

фото Инстаграм/Дарко Лазиќ

„За жал, судот ќе мора да одлучи се иако тоа можевме да го направиме и сами. Барам полно старателство над детето. Иако како мајка имам приоритет, да не размислувам што ќе биде утре, за да не ме боли главата, морам вака правнички да ги расчистам работите. Утре да не мора да го бркам за потпис ако некаде сакам со детето да одам надвор од земјата или ако треба нешто за училиште или било што друго што може да искрсне. Ќе биде одредена и алиментација која ќе мора да ја плаќа. Што се однесува до расподелбата на имотот, јас секако не сакав да бидам во Брестач ни додека живеевме во таа куќа. Не сакав сите да бидеме во истиот двор, така што ништо од тие недвижности од него не ги барам, а тој и нема ништо друго освен тоа“, изјави Марина за српските медиуми.

фото инстаграм/Дарко Лазиќ

На прашањето пак колку на Алексеј му недостасува татко му, Марина ги шокираше сите со одговорот.

фото инстаграм/Дарко Лазиќ

„Искрено и не го бара. Тие и не поминуваа нешто многу време заедно, па на Алексеј сега да му недостига“.

фото инстаграм/Дарко Лазиќ

„Можеби се уште е малечок, па нема чувство дека Дарко му фали, но тие не се гледаат често“, изјави таа.

фото инстаграм/Дарко Лазиќ

Од друга страна пак, Дарко вели дека Марина не му дозволува да го гледа синот и дека не е точно дека не сака да биде со него.

фото инстаграм/Дарко Лазиќ

„Секогаш кога ќе се јавам да го видам детето, Марина е во некоја гужва, нешто завршува, нема време, па не ми се јавува“.

фото Инстаграм/Дарко Лазиќ

„На мене мојот син многу ми фали, глупо е тоа воопшто да го споменувам“, изјави пејачот за магазинот „Свет“.

фото инстаграм/Марина Гагиќ

„Јас се согласив дека детето треба да биде со мајката, но желбата ми е заедно да го одгледуваме, но тоа со неа не може. Така што таа желба таа да има апсолутно старателство но синот може само да ја сонува, јас тоа нема да го дозволам. Се согласив и алиментацијата да биде 500 евра, давам и повеќе од тоа. Не гледам кога колку давам бидејќи тоа е мое дете и секако дека нема никогаш ништо да му фали, иако сите што се запознаени со приказната велат дека толкава алиментација е претерана. Не се бунам, не кукам. Им помагав на другите, па логично е и за своите деца да го дадам и последниот денар“, вели тој.

фото инстаграм/Дарко Лазиќ

„Не го бара имотот, но затоа не и пречеше кога си заминуваше да собере од дома се што сакаше. И никој не и правеше проблем за тоа. Јас таму им направив бајка, ништо не им фалеше. Сега треба преку весници да водиме вакви приказни кој на кој што му има направено, ОК“, изјави Дарко и додаде:

фото инстаграм/Дарко Лазиќ

„Очигледно дека нејзината желба за реклама преку медиуми е голема, и јас не и се лутам заради тоа“.

фото инстаграм/Дарко Лазиќ

И откако Лазиќ за медиумите изјави дека Марина однела буквално сé од нивниот дм, Марина повторно се огласи.

фото инстаграм/Дарко Лазиќ

„Од куќата не изнесов ништо што претходно не го донесов и што моите родители не ми го овозможија. Не сакам ништо повеќе да коментирам само заради Алексеј, детето утре да чита. Инаку, имам многу што да кажам, изјави Марина за српскиот Телеграф. Истиот медиум од нивен извор близок до познатиот пар претходно објави дека домот на Лазиќ и Марина наводно целосно бил опремен од родителите на Марина кога таа останала во блажена состојба. Тие наводно сакале да им помогнат, посебно што тогаш пејачот се уште закрепнуваше од сообpaќajката, а нивната ќерка беше бремена.

Фото Инстаграм/Марина Гагиќ

По некое време, тие ќе се разделат, а Марина ќе одлучи со себе да ги однесе и сите работи што биле нејзини.

Фото Инстаграм/Марина Гагиќ

Инаку Гагиќ стана позната како прва девојка која што Дарко ја престави во јавноста по бракот со Ана Севиќ.

Фото Инстаграм/Марина Гагиќ
Фото Инстаграм/Марина Гагиќ
Фото Инстаграм/Марина Гагиќ
Фото Инстаграм/Марина Гагиќ
Фото Инстаграм/Марина Гагиќ
Фото Инстаграм/Марина Гагиќ
Фото Инстаграм/Марина Гагиќ
Фото Инстаграм/Марина Гагиќ
Фото Инстаграм/Марина Гагиќ

 

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close