Кафе муабет
Мустафа со 19 години помладата сопруга на меден месец каде што Емина е на одмор: Поранешните сопружници вечерале во ист ресторан- еве што се случило!
Емина со помалиот син летува во Бодрум...
Поранешниот сопруг на Емина Јаховиќ, Мустафа Сандал пред една недела се ожени со својата девојка Мелис Сутсуруп, а сега заминаа на меден месец.
Она што изненади многумина е тоа што популарниот пејач и неговата избраничка решиле да го поминат медениот месец во Бодрум, каде Емина со помалиот син деновиве летува.
Откако се разведе од српската ѕвезда, турскиот пејач набрзо стапи во врска со сегашната сопруга, а минатата година ја запроси.
Емина не зборуваше многу за разделбата со пејачот, иако призна дека и било многу тешко. Затоа и не е чудно што се изненадила кога дознала дека Мустафа пристигнал во Бодрум каде таа во тој момент летувала.
Според турските медиуми, Сандал и неговата сопруга пристигнале во ова одморалиште на меден месец, знаејќи дека таа е таму со еден од нивните синови. Сепак, тие не престојувале во ист хотел, туку според изворот, за малку ќе се сретнале во еден ресторан.
Имено, Емина таму вечерала со својот наследник, а само десет минути по нејзиното заминување пристигнале Мустафа и Мелис.
Присутните гости биле шокирани, а многумина коментирале дека би било интересно да се видат на истото место по разводот и судскиот процес во кој таа го тужи за неплаќање алиментација.
Да потсетиме, Мустафа и Мелис се венчаа на почетокот на јуни во Рим во турската амбасада, а минатата недела имаа прослава во луксузен хотел во Мармарис.
Дводневната прослава зрачеше со луксуз, елеганција и љубов. Откако го изговорија судбоносното „да“ во Рим, Мустафа Сандал и неговата свршеница Мелис Сутсуруп повторно разменија завети на раскошната свадбена церемонија во Мармарис.
Прославата беше резервирана за членовите на семејството и избраните пријатели.
Невестата блескаше во едноставна бела венчаница, додека младоженецот се одлучи за сив костум. Младенците цело време беа расположени, играа и не ја симнуваа насмевката од лицето.
Она што многумина забележаа е чудниот изглед на Мустафа Сандал.
Имено, невестата блесна и ги собра сите комплименти за изгледот и венчаницата, но сепак Мустафа го украде шоуто. Како што пишуваат турските медиуми, пејачот непосредно пред венчавката направил естетска корекција.
– Отокот на лицето на Мустафа Сандал ја одбележа венчавката. Тој го привлече вниманието со промената, а сите зборуваат за тоа како отишол на естетска операција или ботокс. Многумина мислат дека Мустафа непосредно пред свадбата отишол да си ги избрише брчките, за приближно да личи на својата 19-години помлада сопруга. Но, не успеал бидејќи бил отечен – пишуваат турските медиуми.
Брачниот пар на гостите им обезбедил превоз и сместување, а секоја вечер имаа заеднички активности со гостите. Дека се поминало совршено покажуваат нивните фотографии на Инстаграм, а изгледа дека младенците навистина уживале во својот посебен ден.
Парот на свадбата пристигна во розов автомобил за голф терен. Мелиса за овој важен ден избра елегантна бела венчаница, додека Мустафа се одлучи за сив костум.
Свадбата се одржа во прекрасната градина на хотелот Мармарис, кој беше специјално уреден за таа прилика. Покрај украсните светилки, свеќи, цвеќиња, на плажата беа поставени и две фигури во форма на М, што е почетната буква од нивните имиња.
-Разводот е приватен семеен земјотрес и никој не треба да ужива во деталите. Најтешко ми е што не можам да ги заштитам своите деца од тоа, а чувствувам дека тоа е голема неправда и недостаток на работа што ја обожавам – рече Емина по разводот од Мустафа.
-Јас сум мајка, затоа никогаш не сум осамена. Што се однесува до мажите, јас секогаш ќе го отворам срцето за вистинската љубов, но пред се знам да уживам со себе и со моите деца – изјави Емина.
– Јаман е бестрашен, силен и брз, како што вели и неговото име. Јаман на турски значи силен. Јавуз, пак, е внимателен и вистинска уметничка душа, но како што вели и неговото име – може да биде многу одлучен. Кога на таа разлика меѓу нив ќе го додадете и пубертетот – јасно ви е дека секогаш сме среќни! Шегата на страна, моите момци неописливо ме исполнуваат и уживам во секој момент со нив. Секој ден откривам нешто ново – талент, особина, акција, реакција – и сум воодушевена! Јас сум многу горда мајка, најмногу поради нивната скромност и посветеност на семејството.
Емина и Мустафа откако се разведоа имаа голем број на несогласувања, па дури во една прилика се најдоа и на суд поради вредниот имот кој го поседуваа за време на брак.
Како што пренесува „Информер“, поранешните сопружници најголемата битка ја водат околу вилата на Босфор вредна 16 милиони евра и студијата кои ги купиле за четири милиони евра.