Кафе муабет
“Мојот вереник никогаш нема да ме изневери”: Пејачката сигурна во својата љубов- ваков маж би посакала секоја девојка!
Пејачката наскоро ќе го каже судбоносното "Да"...
Сите девојки сонуваат за идеален маж кој ќе ги разбира, почитува, исполнува сите нивни желби и воедно ќе ги сака најмногу на светот …
Токму таков е Александар, вереникот на познатата пејачка Вања Мијатовиќ, која тврди дека во него најде се од горенаведеното.
Иако многу девојки се сомневаат во своите момчиња и често прават љубоморни сцени, Вања тврди дека безусловно му верува на својот вереник. Таа сака да остари со него и би сакала по еден таков за секоја девојка. За оние кои не знаат Вања ги има хитовите „Мене ме чини“, „Би те платила скапо“ и „Пенелопе“.
Инаку Вања го кажа судбоносното “да” во мај минатата година.
Mомчето со кое Вања е во емотивна врска е сопственик на фирма за уредување на станови и може да се каже дека со него е пресреќна.
Тие се запознале потполно случајно, и тоа додека тој и го уредувал станот. Имено, тие најпрво соработувале околу нејзиниот стан, а потоа отишле и на приватен состанок и ја започнале врската.
„Многу ми е убаво со него. Конечно покрај мене имам маж каков отсекогаш сум посакувала. Најмногу ми се допаѓа кај него начинот на кој се однесува кон мене, иако и тој има многу квалитети. Вистински џентлмен е, внимава на мене, се грижи за мене и мечува како вода на дланка. Секоја девојка би посакала таков маж“, изјави тогаш Вања за „Блиц супер ТВ“.
Инаку минатата година пејачката предизвика лавина коментари на Инстаграм за нејзината врска со вереникот Александар со кој наскоро ќе застане на лудиот камен.
Имено, пејачката ги избриша нивните заеднички фотографии на Инстаграм и тоа беше доволен повод веднаш да се започне со озборувањата дека повеќе не се заедно.
– Се што ги интересира душeбpижниците за мене нека ме прашаат. Еве, сакаат да ме разделат, а зборуваат дека сум бремена. Сликите допрва ќе ги исповадам од Инстаграм зошто и онака ги имам премногу. Во мојот живот се е во најдобар ред, така што секој нека си ја гледа својата работа – рече пејачката за Курир.
Преживеала тешка сooбраќајна нeсреќа
Пејачката Вања Мијатовиќ доживеала сooбраќајна нeсреќа на крајот на февруари 2013 години кога се враќала од настап од Нови Сад.
По ударот пејачката имала проблем со aнксиозни нaпади, а неодамна во емисија „Сценарио“ откри се за тоа трaуматично искуство.
– Буквално, учев повторно да одам. Беа сериозни повредите и шест месеци ми траеше опоравувањето. Пет месеци лежев во кревет.
Инаку Вања е многу активна на социјалните мрежи и секојдневно објавува нови фотографии со кои ги остава без здив своите фанови.
Погледнете дел од нив…