Дом и семејство

МОМЧЕТО РОДЕНО СО 2 ПРОЦЕНТИ ОД МОЗОКОТ: Лекарите му предвидоа црна прогноза, но тој се избори и денес е МЕДИЦИНСКО ЧУДО!

Малиот Ноа ги победи лошите прогнози на докторите...

Ноа Вол е момчето за кое пред девет години се пишуваше во сите светски медиуми.

FOTO: PROFIMEDIA

Имено тој е роден со само 2 проценти од мозокот но сепак денес тој ги надмина сите очекувања и е среќно деветгодишно момче.

foto instagram/Noah Wall
foto instagram/Noah Wall

„Не само што е жив, туку ги надмина сите очекувања и од докторот и од нас.

foto instagram/Noah Wall
FOTO: PROFIMEDIA

Така велат денес родителите на Ноа Вол по чие раѓање докторите не предвидувале дека ќе преживее.

– Кога се породив, лекарите ми рекоа дека на Ноа ќе му биде тешко да преживее, и дека сигурно ќе биде во вегетативна состојба – вели неговата мајка Мишел (49). Таа и нејзиниот сопруг Роб (55), велат тие, паднале во целосен очај кога лекарите им ја соопштиле мрачната прогноза.

foto instagram/Noah Wall

Сепак, Ноа ги надмина сите тие мрачни прогнози.Во првите три години од неговиот живот, 80% од неговиот мозок порасна, и доведе до општо чудење на лекарите кои го нарекоа медицинско чудо.

FOTO: PROFIMEDIA

Ова особено се должи на извонредниот напор на родителите кои беа решени нивниот син да преживее и еден ден да оди. Тие ги посетија најголемите светски експерти и го однесоа на терапии, а клучниот момент беше кога слушнаа за неврофизијатарот Кен Вера од Австралија.

FOTO: PROFIMEDIA

– Мајката на Ноа ми се јави кога прочита текст за мене на портал. Стануваше збор за Мартин Хиберт, жртвата на бомбашкиот напад во Манчестер, кој исто така беше со мене на терапија. Иако мојот институт не се занимава со деца, решив да пробам – вели овој експерт.

foto instagram/Noah Wall

Значи, со години напор, терапија и тешка работа од бебе за кое се вели дека никогаш не зборувало, шетало или јадело самостојно, Ноа сега е деветгодишно момче кое напредува од ден на ден.

 

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close