Новости
МОЛИТВА ПРОТИВ СТРАВОТ: Не дозволувајте да ве обеземе стравот, победете го со света молитва!
Спаси ме, Боже, од стравот што ме понижува и срами како Твое суштество...
Силата на оваа молитва ќе ви даде душевен мир и ќе ви помогне засекогаш и храбро да се справите со секојдневните предизвици и стравови што ви ги носи животот!
Спаси ме, Боже, од стравот што ме понижува и срами како Твое суштество. Да не се плашам дење и ноќе; твој е денот и твоја е ноќта. Ниту планина, ниту вода нека не ме плашат; зашто ти ги направи планините горе и ги постави границите на водите. Нека не ме плаши ѕверот на планината, ниту ѕверот во водата; зашто ситеѕверови се твои Господе. Да не ме плаши сонот во текот на ноќта, ниту почетокот на денот зашто твојот ангел стои од мојата десна рака.
Нека не ме плаши ниту твојот невидлив противник, вечниот Бог; затоа што го победи со својот чесен крст. И, нека не ме плаши смртта, затоа што ти ја победи смртта, и со воскресението таа го осветли целиот свет .
Стравот ме следи како сенка. Напладне исчезнува сенката на дрвјата. Кога сонцето изгрева високо , тогаш сенката се губи. Кога сонцето е на исток или запад, пониско од високите планини, тогаш сенките се најдолги.
А ти, Господи мој, кога ќе бидеш понизок од мојот вид од која било височина на земјата, се собираат сенки околу мене, долги и темни и го плашат моето срце. И кога ќе те видам возвишен над сите височини, сенките исчезнуваат и стравот ме напушта.
О, Свети Божји, слушни ги моите молитви, на мене грешниот, за да бидам спасен од стравот на безумните. Ангелу Божји, милостив, стави многу темјан во твоето златно кандило , и запали темјан за сите што се плашат од Бога, и за мене грешниот. Слава на Оној што седи на вечниот престол. Амин!
Молитва што треба да ја изговараме кога сме тажни
Пресвета Мајко на Севишниот Господ, ти заштитнице на која со вера ти пристапуваме, те молам, погледни на мене од височините на Твојата небесна слава, те молам послушај ја мојата молитва и пренеси му ја на твојот Син. Ти Богородице, послужај ме мене сега кога сум тажен.
Ти ме смируваш, ги бришиш моите солзи, ја смируваш мојата тага и мојата болка. Тебе ти ја давам мојата надеж, те молам, засили ја мојата верба во Господ наш Исус Христос.
Вметни ме во неговите прегратки и научи ме да сакам и да Ве прославувам. Се засолнувам под Твојот свет покров, Пречиста Богородице, закрилувај ме.
Амин.