Кафе муабет

Може да одмори само на својата ЈАХТА од 6.000.000 евра: Брена откри дека не сака ХОТЕЛИ и луксузни апартмани, ужива во мирот на сопствениот имот

Сака да одмори далеку од се...

Пејачката Лепа Брена и нејзиниот сопруг Слободан Боба Живојиновиќ имаат своја јахта, која според пресметките кои ги пласираа медиумите чини околу 6.000.000 евра.

фото инстаграм/Лепа Брена

Она што е интересно е дека пејачката само на сопствената јахта може убаво и квалитетно да се одмори.

фото инстаграм/Лепа Брена

– Не можам да се одморам во хотели, не сакам да се шминкам, да носам чанти, штикли. Ја сакам дивината, каде што нема гужва, прекумерна музика, мир. Претежно одмарам на јахта, крстариме малку, пловиме. Никогаш не сум се одморила толку добро како кога бев на крстарење. Сакам читање, медитација, малку јога, пливање, пешачење, лесна храна. Го сакам медитеранскиот дух – откри Брена.

фото инстаграм/Лепа Брена

И иако многу зборуваше за јахтата, самата пејачка откри дека има шест спални соби, а досега не покажале како изгледа целиот брод и внатрешноста.

фото инстаграм/Лепа Брена

Јахтата можевме да ја видиме само однадвор, а нејзината пријателка еднаш објави фотографии од внатрешноста на Фејсбук.

фото инстаграм/Лепа Брена

Дневната соба е пространа, со голем телевизор, а на мермерната маса покрај слатки и овошје може да се види и новчаник полн со пари.

фото принтскрин/Фејсбук
фото принтсктин/Фејсбук

Една од спалните дури имаше и сопствена бања, а се внимаваше на секој детал, па и крпите беа брендирани и во боја на плочките.

фото принтсктин/Фејсбук
фото принтсктин/Фејсбук

– Па, тоа е убав брод, со пет или шест спални соби. Тоа не беше само подарок за нашите души. Сакавме да си дозволиме нешто бидејќи тоа беше специфична ситуација – изјави Брена.

фото принтскрин/Фејсбук

– Не можевме да се дружиме, можевме само да пловиме. Така барем имав една година пауза и одмор за да го правам она што навистина го посакував цел живот, да пловам и да бидам на вода. Ги сакам морето и водата. Јас исто така сакам бродови. Секако дека не стигнав да посетам се што сакав – изјави Брена во едно интервју.

фото принтсктин/Фејсбук
фото принтсктин/Фејсбук
фото принтсктин/Фејсбук

Брена освен што е една од најпознатите пејачки на Балканот, таа има и други бизниси. Неодамна таа им испрати порака на оние кои се обидуваат да соберат колку пари има на сметка.

фото инстаграм/Лепа Брена

Брена и нејзиниот сопруг Слободан Боба Живојиновиќ неодамна објавија дека планираат да инвестираат во изградба на комплекс на Златибор, а често се шпекулира и за други нивни деловни потфати.

фото инстаграм/Лепа Брена

– Да размислував за тоа во последните 40 години, ќе завршев на клиника за ментално изненадени луѓе. Им дозволувате на медиумите да допрат до вашиот џеб до одредени граници. Но, тие не можат ни сами да го состават тоа, па го гледам како еден вид забава за нив – открила Брена.

фото инстаграм/Лепа Брена

– Понатаму нема да можат да го соберат целото богатство!. Многу се работи и се инвестира паметно. Нашите деца пораснаа, тие сега се мажи кои се занимаваат и со бизнис, и јас сум исклучително горда на тоа – рече таа.

фото инстаграм/Лепа Брена

Од заработените пари брачната двојка со години инвестирала, меѓу другото, и во недвижнини, па изградиле вистинска империја, а моментално уживаат во богатството кое го поседуваат.

фото инстаграм/Лепа Брена
фото инстаграм/Лепа Брена
Фото Инстаргам/Лепа Брена
фото инстаграм/Лепа Брена
фото инстаграм/Лепа Брена

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close