Кафе муабет
Можат да и подзавидат многу девојки: Лејла Рамковска во бикини го освои Инстаграм- сподели фотографии од Занзибар и ги “запали” социјалните мрежи
Моментално се релаксира на оваа егзотична дестинација...
Јога инструкторката Лејла Рамковска моментално ужива во Занзибар од каде со своите следбеници сподели низа фотографии.
Дека Лејла ужива во авантурите и истражувањето на ова егзотично место говорат и фотографиите кои ги споделува на својот Инстаграм профил.
Таа деновиве одлично се забавува а освен што се релаксира во водите на Индискиот Океан, Лејла ужива и во прошетките и дружбата со тамошните жители.
На фотографиите кои ги сподели може да се забележи дека и годи оваа дружба, судејќи по насмевката која не ја трга од лицето.
Лејла го искористи топлото време и покрај опуштањето на плажа, реши и да направи неколку јога пози, а нејзините следбеници на Инстаграм се воодушевени како од нејзината еластичност, така и од фактот што позираше во бикини и го покажа своето совршено тело.
Одлично и прилегаат долгите песочни плажи и тиркизната вода.
Во едно интервју за нашиот портал, Лејла истакна дека јогата за неа го претставува мирот.
-Искрено, можам многу да зборувам на оваа тема, меѓутоа првиот збор што ми паѓа на памет, што за мене претставува јогата е мирот. Второ е љубов и сочуство кон самите себе. Бенефитот е генерално подобрување на психо-физичката состојба во секое поле.
-Се чувствувам како да сум се уште на почеток меѓутоа уживам во секој стадиум и постојано учам нешто ново. Од почетно ниво, со самото тоа што се чувствуваме подобро, немаме болки на вратот и грбот… Постигнуваме баланс помеѓу силата и флексибилноста. Со тренинг на нашиот ум и тело стекнуваме целосно присуство на свесноста, а со тоа и самодоверба и верба. И тоа на крај придонесува да имаме подобро здравје, но и подобар надворешен изглед, секако, бидејќи нашето чувство и смиреност одвнатре се манифестира и рефлектира и надвор.
Некогаш лесно им подлегнувала на неуспесите, лесно се откажувала, но одлучила целосно да го промени својот начин на живот.
Една од „главите“ на некогашната А1 телевизија беше и Лејла Рамковска, ќерка на сопственикот Велија Рамковски. Таа по затварањето на телевизијата се посвети на сосема поинаква професија со која се занимава и ден денес.
Лејла Рамковска е една од најпознатите инструктори по Аштанга јога во Македонија.
До нејзината 30-та година никогаш претходно не вежбала, но забележала дека нема ниту сила ниту пак е флексибилна. Почнала со едноставни движења и пози, а до овој стадиум до кој е сега дошла полека со текот на времето.
Упорноста и постојаноста за неа се клучни во ова работа.
Вистински начин да пробате да го смирите духот на своето тело е да почнете да практикувате јога.
Скромна, смирена, не многу зборлеста, Лејла не сака да се експонира во јавноста, единствено ја промовира својата професија.
Речиси 10 години беше во брак во бизнисменот Сефер Цановски со кој има и две деца. Но, на нејзиното тело може да позавидат многу девојки.
Лејла тргна по својот пат и доста напредуваше во професијата која за неа живот начин. Токму јогата ја има извлечено во најтешките моменти.
За неа јогата прво претставува мир, потоа љубов и сочувство кон себеси.
Јогата ни дава виталност и енергија, поголема сила, стекнување флексибилност што значи младост, тонирани мускули, а ни обезбедува и заштита од повреди. И тоа се само дел од бенефитите од вежбањето, вели Рамковска.