Кафе муабет
Мислат дека светот се врти околу нив: Ова се најсебичните хороскопски знаци!
Сè мора да биде точно како што тие сакаат...
Овенот го зазема првото место на топ листата за најегоцентристични хороскопски знаци.
Астролозите имаат тенденција да тврдат дека тие се мајстори за себично однесување. Склони се да не бираат средства за да стигнат до целта што си ја поставиле, а на тој пат сè мора да се врти околу нив и нивните потреби. Сè мора да биде точно како што тие сакаат.
Овенот секогаш ќе тврди и ќе има став дека само тие се во право и дека тие се оние кои го знаат вистинскиот пат. Тие не слушаат никого, не трпат некој да им противречи, а бидејќи по природа се независни, секогаш го прават само она што им се допаѓа.
Дури и кога прават нешто за некој друг, тоа го прават само за да се пофалат со тоа и повторно да бидат во центарот на настаните. Кога луѓето родени во овој хороскопски знак сакаат нешто, прават се за да се случи, без разлика на се. Овните се родени лидери, па затоа веруваат дека светот е нивен и дека се треба да оди онака како што тие замислуваат. Емпатијата им е целосно непозната и никогаш нема да се запрашаат како тоа што го прават влијае на другите.
Овенот нема да се извини речиси никогаш, освен ако не направи нешто многу сериозно. Секогаш ќе тера по свое и најчесто ќе ги обвинува другите. Ако не е по негово, спремен е на се’ за да го оставите на мир.
Лав
Многумина можеби и ќе се зачудат зошто Лавот е по Овенот бидејќи познавачите на ѕвездите го сметаат и за еден од најголемите егоцентрици. Лавовите по природа се искрени и верни, но имаат тенденција да мислат дека светот се врти околу нив.
Сакаат да бидат во центарот на вниманието во секое општество и да се дружат само со оние кои се способни да им се восхитуваат и да признаат дека се подобри од нив. Овој знак на Зодијакот има најголемо его од сите и бара постојано внимание, па понекогаш е тешко да ги „издржите“.
Имаат голема желба за пофалби, но честопати се несигурни во себе.
3. Скорпија
Нивната себичност нема граници. Толку се егоцентрични што ако почнеш да разговараш со нив на некоја тема и сфатат дека знаеш повеќе од нив, ќе ги искористат сите свои вештини на врвен манипулатор да ја сменат темата и да зборуваат само за она во што се подобри и попаметни.
Овој знак е толку себичен што секогаш мора сè да биде како што замислиле. За разлика од Овенот кој е искрен и го покажува тоа отворено, Скорпиите тоа го прават многу перфидно и прикриено.
Во својот егоцентризам знаат да бидат крајно немилосрдни, толку многу што умеат целосно да ги игнорираат туѓите чувства и потреби. Скорпиите умешно знаат се да свртат во своја полза, а со тоа и да го „подигнат“ целото внимание кога се во опкружување.
Личностите родени во овој хороскопски знак се спремни за разговор, но се’ додека не го повредите нивното его. Во случај да се виновни, а вие невини, Скорпиите ќе ви се извинат. Но, ако вината е ваша, тогаш постои можност да ги прекинат односите со вас.
Ако случајно не успеат во нешто што наумиле ќе се налутат и ќе си заминат од местото каде што се.