Кафе муабет
Мирослав Илиќ конечно откри како Гордана го прифатила фактот дека тој има вонбрачно дете- Ова никој не го очекуваше
Таа му простила...
Последнава година Мирослав Илиќ и неговата афера е една од главните теми во медиумите.
Се чини дека ништо не привлече толку внимание кај пошироката јавност и медиумите како веста дека во младоста познатиот фолк пејач ја изневерувал сопругата Гордана со извесна Мирјана Антоновиќ, која дури и му родила син.
Ништо од ова немаше да се дознае доколку љубовницата на Мирослав Илиќ не решила таткото на своето единствено дете да го побара преку суд.
Таа и нејзиниот наследник со години шетаа по ходниците на судот, на Мирослав му бараа дури и ДНК, која тој одбиваше да ја даде, но на крајот од епилогот победи Антоновиќ.
Девин е син на Мирослав Илиќ а тоа го потврди судот.
Со споменатата информација се соочи и сопругата на популарниот пејач на фолк музика Гордана Илиќ, која се верува дека многу пред одлуката на судот сфатила дека аферата на Мирослав Илиќ навистина се случила, но решила да замижи пред тоа.
Не се знаеше многу за причините за нејзините постапки, имаше различни шпекулации за поделба на заедничкиот имот и слично, но дури неодамна самиот музичар ги откри деталите за врската со сопругата.
Имено, во интервју по повод 50 години кариера на ТВ Прва, Мирослав си ја отвори душата. На прашањето на водителката Марија Килибарда како успеал и покрај се да остане во брак толку години, тој рече:
– Љубов, големата љубов, е најважната ставка во бракот. Таа е иницијатор на се.
Илиќ со оваа кратка реченица им одговори на сите оние кои со години се прашуваа што ја натера Гордана да одлучи да заборави на се, а потоа додаде дека неговата сопруга е неговата најголема поддршка и личност на која и должи се што стекнал во животот.
Чии гени всушност носи вонбрачниот син на Мирослав Илиќ открил во 2008 година, кога тој имал 22 години.
Дотогаш Девин мислел дека неговиот вистински татко е Данијел Антоновиќ, со кој мајка му била во брак.
– На таа госпоѓа и кажав дека нејзиниот син има еден татко, а тоа е тој што го признал и кој е наведен како негов татко во документите. Но, ако тој човек повеќе не сака да му биде татко, туку јас да бидам тој, мора прво да го откаже татковството на тој господин – изјавил Мирослав Илиќ.
– Мислам дека целта не сум јас, туку мојата сопруга. Ако некој сака да си го побара своето право, слободно нека го направи тоа. Поминавме низ ова пред многу години и ова не е прв пат моето семејство да се соочи со ова. Ова не може да нè сруши– изјавил кратко Мирослав, пишува „Стори“.