Кафе муабет
Мирослав Илиќ и создава нови проблеми на љубовницата: Вонбрачниот син не го признава- очајна Мирјана се огласи од Америка
Татковството се докажа во мај годинава...
По долги години агонија низ која минуваше Мирјана Антоновиќ во мај годинава конечно беше донесена пресудата дека познатиот фолк пејач Мирослав Илиќ е татко на Девин Антоновиќ според правосилната пресуда.
Мајката на Девин, Мирјана Антоновиќ го доби случајот против фолк легендата, но се чини дека се уште не е сè завршено.
Таа им се обрати на своите следбеници на социјалните мрежи, се извини што извесно време ја немаше и објасни до каде е стасано судењето и зошто процесот трае толку долго.
„Како што веќе знаете, Високиот суд пресуди дека Девин и Мирослав се татко и син. По таа одлука, Мирослав реши да поднесе жалба до Апелациониот суд, без разлика што и птиците на гранките веќе ја знаат вистината“, напиша Мирјана и додаде дека чека одлука.
„Двајца судии беа унапредени и преместени од Вишиот суд во Апелација токму кога требаше да започне нашето судење, па моравме да правиме се од почеток. Поради ова, случајот се одолговлекуваше уште шест години. Слушнав дека Мирослав се надева дека ќе му се вратат услугите. Дали е вистина или не, наскоро ќе дознаеме“, заклучи г-ѓа Антоновиќ и им се заблагодари на сите за поддршката.
Инаку како што и самиот потврди во неколку наврати, Девин Антоновиќ долго време сонувал да воспостави блиска врска со својот славен татко, но тоа никогаш не се случило.
Девин Антоновиќ во април годинава си ја отвори душата по макотрпниот и долгогодишен процес што го иницираше неговата мајка Мирјана Антоновиќ за да го докаже биолошкото татковство на пејачот.
– Има само една вистина и не можеш да побегнеш од неа. Татко веќе не ми треба во животот и благодарен сум што отсекогаш сум имал храбра и самопожртвувана мајка со челични нерви – рече меѓу другото вонбрачниот син на Мирослав Илиќ на почетокот на април.
Чии гени всушност носи вонбрачниот син на Мирослав Илиќ открил во 2008 година, кога тој имал 22 години. Дотогаш мислел дека неговиот вистински татко е Данијел Антоновиќ, со кој мајка му била во брак.
‒ Набргу откако ја дознав вистината му се јавив на Мирослав и му реков: „Тоа ли е Мирослав Илиќ? Ова е Девин, твојот изгубен син од Америка.“ Имаше пауза пред да одговори: „Мило ми е што си жив и здрав“. Разговаравме за разни работи, па дури и за фудбал. Подоцна, комунициравме уште неколку пати и се договоривме да се сретнеме во Белград. Купив билет, но за жал Мирослав ми се јави една недела пред патувањето и го откажа терминот – Девин, кој по професија е анестезиолог, опиша како започнала неговата семејна сага.
Едно време рече дека не му се лути на Мирослав, туку дека чувствува потреба и желба да се сретне и да разговара со него, а четиринаесет години подоцна мислењето му се смени.
– Тешко ми падна разочарувањето и сознанието дека татко ми не е таков каков што го замислував – изјави Девин.
Но Мирослав Илиќ се огласи пред извесно време на оваа тема и накратко стави до знаење дека останува на својот став:
– На таа госпоѓа и кажав дека нејзиниот син има еден татко, а тоа е тој што го признал и кој е наведен како негов татко во документите. Но, ако тој човек повеќе не сака да му биде татко, туку јас да бидам тој, мора прво да го откаже татковството на тој господин – изјавил Илиќ.