Кафе муабет
Мирослав Илиќ донесе конечна одлука за вонбрачниот СИН: „Веќе ништо не може да не поколеба“
Тоа не може да влијае на фамилијата...
Многумина се изненадија кога во медиумите одекна веста за вонбрачниот син на Мирослав Илиќ.
Имено, неговиот непризнаен син Девин Антоновиќ сакал да се избори за статусот син на Мирослав Илиќ, а целата приказна стигна во јавноста благодарение на мајката на Девин, Мирјана, која тврди дека го запознала Мирослав на неговата турнеја во Америка, дека биле лудо вљубени, и дека од тие романси се роди Девин.
Мирјана Антоновиќ пред извесно време истакна на Фејсбук дека судот донел одлука дека пејачот е татко на нејзиниот син Девин.
– Драги мои трпеливи пријатели, денес е ден за славење. Донесена е судска одлука дека Мирослав Илиќ и Девин Антоновиќ се татко и син. Денеска од среќа плачевме и сме презадоволни. Им благодариме на нашите сведоци, на нашиот одличен адвокат Вилијам Паспаловски, на судијата кој донесе правична одлука, на медиумите кои следеа сè, честопати измрзнуваа со часови и на сите вас кои со години не поддржувавте да истраеме под огромен притисок. Ова не е само наша победа, туку победа на сите мајки и деца на Србија. Тој што не му се допаѓа оваа одлука нека тужи, а ние имаме уште повеќе. Ќе продолжиме се додека не се смени овој застарен закон за ДНК кој е насочен против развојот на српските семејства и српското општество.Отсекогаш сум сакала и верував дека правдата се уште може да се најде во Србија и многу ми е мило што не се разочарав . Ви благодарам многу , вашата Мирјана неизмерно ве сака – истакна таа.
Но Мирослав Илиќ се огласи пред извесно време на оваа тема и накратко стави до знаење дека останува на својот став:
– На таа госпоѓа и кажав дека нејзиниот син има еден татко, а тоа е тој што го признал и кој е наведен како негов татко во документите. Но, ако тој човек повеќе не сака да му биде татко, туку јас да бидам тој, мора прво да го откаже татковството на тој господин – изјавил тој, наведувајќи дека се е во ред во семејните односи на Илиќ:
– Мислам дека целта не сум јас, туку мојата сопруга. Ако некој сака да си го побара своето право, слободно нека го направи тоа. Поминавме низ ова пред многу години и ова не е прв пат моето семејство да се соочи со ова. Ова не може да нè сруши– изјавил кратко Мирослав, пишува „Стори“.
Сопругата на фолкерот во една прилика даде изјава дека ниту таа ниту пејачот не сакаат да ги коментираат овие настани, и застана на страната на Мирослав Илиќ.
Гордана Илиќ, сопруга на Мирослав Илиќ, тврдеше дека таа и сопругот нема потреба да се бранат, бидејќи веруваат во Божја правда и дека целата ситуација наскоро ќе се разјасни, бидејќи непризнаениот син на Мирослав, Девин Антоновиќ со мајката Мирјана одлучи преку суд да бара ДНК анализа заради утврдување на татковство.
-Во бракот воопшто немавме криза, се расправавме, но немавме криза. Кризи што би довеле до развод … Имало ситуации кога сме се расправале жестоко, најчесто за некои ситници во воспитувањето децата, дали кучето било на време нахрането или прошетано, дали нешто е таму каде што треба да стои или не … Посериозните работи ги решаваме многу полесно од овие ситници. Мирослав е тој кој секогаш прв попушта. Јас сум многу тврдоглава, јас сум двоен Овен во хороскоп. Обично ми велат: „О Боже, навистина е тешко да се биде во брак со него“, но никој не прашува како се чувствува тој со мене – изјави Гордана во една прилика за Блиц.
Девин многупати во јавноста зборувал за тоа дека нему како возрасен и стаблиран човек повеќе не му треба татко и дека неговата борба е всушност борба за вистината.
– Не чувствувам никаква разлика по завршувањето на судењето. Сигурен сум дека ова не е крајот. Го мразам целиот овој процес. Овој тип на публицитет најверојатно му одговара на Мирослав. Да не беше така, оваа фарса одамна ќе беше завршена. Сето ова е несфатливо – рече тогаш Девин и додаде:
– Вистината е една и од неа не може да се избега. Повеќе не ми треба татко во мојот живот и благодарен сум што отсекогаш имав храбра и посветена мајка со челични нерви. Но, поради таквиот лош закон, каде што судството е врзано со лисици, страдаат многу мајки и деца.
Во знакот на борбата за вистината, Девин Антоновиќ се огласи преку „Фејсбук“ профилот на неговата мајка Мирјана, за да ги повика сите кои го поддржуваат во оваа борба да го сменат законот за ДНК во Србија – за неговата победа да биде комплетна.
Оваа порака индиректно испратена до Мирослав е уште еден доказ дека неговиот вонбрачен син израснал во неверојатен човек, борец за човекови права, но и човек кој сака целосно да ја докаже вистината и цел свет да дознае кој е неговиот татко.
Од моментот кога поднеле тужба за татковство против Мирослав Илиќ, Мирјана и Девин Антоновиќ тврделе дека не ги интересира никаков имот, ниту пак сакаат финансиска корист од пејачот.
Имајќи предвид дека Девин води речиси луксузен живот во Америка, кој самиот си го обезбедил, би се рекло дека мајката и синот ја кажувале вистината.
Со оглед на тоа дека Девин е лекар по професија, не е чудно што успеал да си ги обезбеди финансиите на релативно млада возраст.