Кафе муабет
Милица се бореше со вишокот килограми- сега се coблече и го запали Инстаграм
Некои ја осудија, други и дадоа поддршка да се врати на здравиот начин на живот но најважно е да се надмине „ себеси“ и да е задоволна од својот изглед...
Пејачката Милица Тодоровиќ во последно време минуваше низ бурен период од животот. Таа ја заврши врската со актерот Пeтар Стругар, го изгуби вишокот килограми, го надмина вирусот корона и беше оперирана од девијација на носот.
Милица имаше период кога видливо се бореше со вишокот килограми. Некои ја осудија, други и дадоа поддршка да се врати на здравиот начин на живот но најважно е да се надмине „ себеси“ и да е задоволна од својот изглед.
Милица сега на својот Инстаграм профил се пофали со совршено тело а до израз дојде и нејзиниот рамен стомак и тесниот струк кои ги истакна во костимот за капење.
Пејачката изгледа посреќна од кога и да е, што може да се уверите и самите:
Таа со својот изглед ги воодушеви фановите кои и порачаа дека сега изгледа неверојатно добро.
Милица за време на изолацијата во која беше заради тоа што беше позитивна на вирусот корона, реши да му се посвети на здравиот живот и да ја врати старата форма.
Нејзиното тело сега повторно е затегнато и целото е во мускули додека и на стомакот и се гледаат стомачни.
Секако дека најзаслужно за тоа што му се врати на стариот изглед се редовните тренинзи, но и здравата исхрана која што на Милица и’ ја препиша нутриционистка.
Пејачката во едно интервју истакна дека сонува за некои големи, поубави нешта.
Милица која сега е на прагот од четвртата деценија открива дека никогаш не се чувствувала подобро. Таа рече дека како никогаш до сега се чувствува зрело и подготвена е за сите предизвици кои ги носи иднината.
-Се чувствувам како да имам 19 години. Важно е како човек се чувствува внатре, како се чувствува психички и духовно, дали успеал да најде мир, каков е со себе и како се гледа себеси кога ќе се погледне во огледало. По мене се гледа како се чувствувам и јас се чувствувам одлично. Немам чувство дека стареам – открива таа за “Glorу”.
Пејачката откри една тајна, со која изненади многумина, а тоа е дека би сакала да се реализира во улога на мајка.
– Би сакала да се реализирам како мајка. Мислам дека тоа треба да биде следниот чекор, на долг рок. Имам мајчински инстинкт – вели Милица и открива каков партнер би требало да биде покрај неа доколку се реши на таков чекор.
– Мора да биде остварен енергетски силно, да ја прати мојата енергија, да биде моја поддршка во работата и за се што ми треба.