Кафе муабет
МИЛЕ ЌИТИЌ ФАТЕН НА ДЕЛО: Се појави видео на кое ја изневерува Марта- јавноста во шок поради овој потег на пејачот
Бакнува помлада русокоса...
Миле Китиќ повеќе од две децении е во хармоничен брак со пејачката Марта Савиќ. Меѓутоа, сега се појавија фотографии на кои пејачот бакнува 30 години помлада девојка на која и ја пее песната „Хелена“.
На социјалните мрежи се појави видео кое ја шокираше јавноста. Пејачот Миле Китиќ на еден од неговите концерти зад сцената завршил во прегратка на непозната русокоса, а потоа се бакнувале додека таа цело време го снимала.
Тие двајца си размениле нежности, а потоа тој ја прашал која песна сака да и ја отпее и во таа прилика го спомнал името на неговата ќерка.
– Што сакаш да ти пеам, Елена или Хелена – ја прашал Миле девојката, а кога таа му кажала дека ја сака песната „Хелена“, тој отпеал кратко, а потоа продолжиле да се бакнуваат…
@leonlaznik @Halilovic_97 #kuja#tuka#prevarantka #lopov#helena #elena #milekitic #martasavic
Инаку Миле неодамна проговори на темата совршен брак и истакна дека тој и Марта имаат отворен брак.
Имено, тие почнаа да се забавуваат во 1988 година, а љубовта ја крунисаа со брак девет години подоцна кога ја добија ќерката Елена, која тргна по стапките на нејзините родители.
Како што е веќе познато, Марта и Миле се запознале во Германија на заеднички настап. Размениле телефонски броеви, а тој потоа се вратил во Сараево.
Китиќ вели дека Марта го купила „на почетокот“ со убавото однесување и говор, го шармирала како личност, а секако била многу убава и привлечна жена.
– Марта во последно време е малку откачена! Кога ја запознав беше тивка, мирна, повлечена, одмерена… Имаше 21 година, а јас сум, инаку, 14 години постар од неа. Имав еден брак пред неа. Марта ме освои затоа што зборуваше прекрасно, интелигентна е, ми се допадна нејзиниот начин на размислување – рече Миле, нагласувајќи дека Марта била само една од низата убави жени кои ги запознал.
– Не се заљубив во неа на прв поглед затоа што бев на сите страни, жени имаше колку сакаш! Таа живееше во Германија, а јас одев таму да пеам, па се гледавме. После тоа почна да доаѓа во Србија, па ја однесов во Јужни Ветар каде што снимаше песни – изјави своевремено Миле во емисијата „Премиер – викенд специјал“.
Марта Савиќ е многу успешна пејачка, но Миле претходно истакна дека неговата сопруга ја запоставила кариерата за да се посвети на неговата. Иако често се пишуваше дека нивниот брак е на климави нозе, Миле секогаш остро негираше, нагласувајќи дека имаат отворена врска.
– Добивме прекрасно дете. Обично има проблеми кога пејачи се во брак, но ние немавме никакви проблеми од тој вид. Таа знаеше што се правам, јас знаев што се прави. За нас пишуваа се и сешто. Милион пати прочитав дека се разведуваме, но тоа нема врска со вистината. Никогаш не сме се расправале кој, што и како – додаде Китиќ.
-Одам на турнеја во Америка, а таа пет дена не ми се јавува, не ме прашува колку сум заработил. Исто и јас не ја прашувам. Таа оди во Хургада или Доминиканска Република и не се јавува 15 дена. Толку години сме заедно што е добро понекогаш да си фалиме. За куќата што ја имаме во Доминиканската Република се пишуваше многу, но време е човек да инвестира некаде кога работи толку години, истакна Китиќ.
– Бев со неколку жени во еден момент и со десет. Нема град во кој немав девојка, немав врска, но … се оженив млад, имав љубовница и кога се оженив, имам и денес. Покрај Марта и денес имам љубовница, ги имаат сите колеги. Некои одат на актуелни патувања, но тоа не се љубовници. Едно 80% од моите колеги имаат вакви патувања. Тие одат во Америка на турнеја, гледаат убава жена, зошто не би си играле? – рече Миле во едно интервју.