Кафе муабет
Миле Китиќ објави фотографија од плажа и го “запали” Интернетот: Има 71 година а на неговото тело ќе подзавидат млади момчиња
Одлично се држи...
Фолкерот Миле Китиќ (71) реши студените зимски денови во Белград да ги замени со сонце и уживање покрај море, па замина во Доминиканска Република каде има свој имот.
Пејачот и неговата сопруга Марта Савиќ поседуваат луксузен имот на овој рајски остров, па секогаш кога им е доста од градската гужва ги пакуваат куферите и да одат таму да уживаат.
Тие двајца деновиве објавуваат неверојатни фотографии од Доминиканската Република, а фотографијата на Китиќ во боксерки за капење особено ги воодушеви неговите следбеници.
„Помлад на 70, од мене на 20“, „Овој човек не старее“, „Изгледаш 20 години помладо“, „Вистински амбиент и одмор“, „Посилен од Роки“, се само дел од коментарите под објавата.
Инаку, Миле Китиќ на први јануари годинава наполни 71 година, а очигледно е дека многу се грижи за својот изглед и е во одлична состојба што покажуваат и послендите фотографии.
Инаку Миле и неговата сопруга долги години се во хармоничен брак. Во една прилика тој откри детали за нивниот брак кои никој не ги знаеше.
– Јас и Марта никогаш не се каравме, освен понекогаш за Елена. Од оваа перспектива, разбирам дека Марта беше во право. Кога Елена беше помала бев многу слаб на неа и ѝ попуштав во се затоа што често бев на пат, па кога ќе дојдев дома и попуштав многу а ја слушав Марта како и брани и веднаш велев: Пушти го детето!“ – изјави Миле во „Премиер викенд специјал“.
– Марта беше „строг полицаец“ во нејзиното воспитување. Постојано и велеше: „Немој да го правиш ова, не го прави тоа, не можеш да го правиш ова, не можеш да го правиш тоа! Што се однесува до генетиката, таа е на мене, спортски тип. Има мој материјал, мал е, но по карактер е на Марта. Кога беше мала, таа беше иста како мене, а сега се повеќе личи на Марта, но, по градбата, таа сè уште е на мене.
Дополнително, Китиќ додаде дека освен што сакал да и ја исполни желбата на сопругата, па купил куќа во Доминиканската Република тоа било најмногу поради ќерката, за да биде што поблиску до САД.
-Поради неа се одлучив, кога е во прашање тоа купување. Многу е приврзана за Америка, замислува дека е таму, во Лос Анџелес, во Менхетен – изјави пејачот.
Откри дека имаат отворен брак со Марта…
– Марта ме освои со своето однесување. Беше мирна и тивка, а јас мислев дека со ваква жена треба да се оженам. Таа отсекогаш имала разбирање за мене, на тој начин ме освојувала. Марта ми е ветер во грб и ми ја одржува кариерата – ја започна својата исповед Миле, а потоа продолжи со тврдењата дека двајцата имаат отворен брак:
– Ако ни треба тоа нас, зошто да не, но едноставно не пред мене. Никогаш не ја прашав за тоа. Таа прави што сака, а и јас – беше искрен пејачот.