Кафе муабет
Миа Борисављевик сподели среќни вести- Пејачката во јули има двојна прослава, сите се пресреќни поради оваа вест!
Ќе има свадба и крштевка...
Пејачката Миа Борисављевиќ следниот месец ќе се омажи за долгогодишното момче Бојан Грујиќ.

Миа Борисављевиќ ги откри деталите за црквеното и граѓанското венчање што ќе се одржи во јули.

Нешто е готово, нешто допрва следува, а веројатно нешто ќе импровизираме на лице место. Јас и Бојан сите прослави ги организираме брзо“, изјави пејачката за „Курир“, а на прашањето дали е возбудена, таа одговори:

„Не, сè уште сметам дека има време, “.

Истиот ден парот ќе ја крсти и помалата ќерка Теа.

„Кума ќе ми биде долгогодишната пријателка, соработничка и прва сосетка Јелена Трифуновиќ. На другите им е позната како текстописец, а мене како голема пријателка. Теа ќе ја крсти пријателот од детството на Бојан, Владимир, кој е и кум на свадбата“, откри Миа и посочи дека по тој повод ќе смени дури четири венчаници.

Со оглед на тоа што се заедно долги години и веќе имаат две ќерки многумина беа заинтригирани од фактот зошто Миа и Бојан не стапнаа на лудиот камен, па таа накратко објасни …

– Не знам, ние славиме секој ден, не е важно дали така ќе ги собереме пријателите. Вака сме си самите доволни.

Не размислуваме на темата за венчавката – рече тогаш Миа Борисављевиќ.

Инаку Миа претходно зборуваше дека сака да роди уште една ќерка, Грујиќ посакувал момче, а нивната ќерка била воздржана.

Бидејќи Миа и Бојан веќе имаат ќерка, тие не купуваа многу работи за наследничката.

– Сè е спремно. Веќе имавме многу работи но и купивме доста работи за бебето. Сега сè е многу порелаксирано од првиот пат, нема посебна еуфорија. Првиот пат, сепак, сè беше непознато и имаше многу поголеми подготовки отколку сега, истакна Миа непосредно пред породувањето со втората ќерка.





