Кафе муабет

Ме уништи, не бев среќна. Многу луѓе знаеа дека не успеав – Адел прозбори за тpayмите и пропаднатиот брак!

Адел успеа да ја пронајде својата љубов, нејзиниот сегашен дечко Рич Пол...

Пејачката Адел проговори за разводот, но и за бројните коментари кои ја погодија, во врска со брачниот бродолом.

Фото Инстаграм/Адел
Фото Инстаграм/Адел
Фото Инстаграм/Адел

Нејзините обожаватели беа неизмерно среќни поради тоа, мислејќи дека нејзината неуспешна љубов ќе биде инспирација за новиот албум кој со нетрпение го очекуваа.

Адел истакна дека фановите навистина ги сакаат нејзините нови песни.

Фото Инстаграм/Адел
Фото Инстаграм/Адел
Фото Инстаграм/Адел

– Но во реалноста тоа не е нивна одговорност. Во реалноста, нивна одговорност како обожаватели е да сакаат добар албум и да се надеваат дека ќе го снимам. Затоа ги прифатив тие коментари со малку сол и се беше во ред – изјави таа.

За нејзиниот поранешен сопруг, Адел, вели таа, никогаш не се чувствувала смирена, среќна или целосно присутна, а тоа многу ја растажило.

Фото Инстаграм/Адел
Фото Инстаграм/Адел
Фото Инстаграм/Адел

– Тоа што толку многу луѓе што не ги познавам знаат дека не успеав, тоа ме уништи. Се срамев. Никој не ме посрамоти, но се чувствувате како да не сте успеале – објаснила таа за магазинот „Ролинг Стоун“.
Адел го даде првото големо телевизиско интервју по неколку години пауза, кај Опра Винфри, на која и ја отвори душата. Во елегантната градина, „кралиците на интервјуата“ зборуваа за нејзиниот повратен албум, љубовта, разводот и животната трансформација. Интервјуто ќе биде емитувано пред двочасовниот специјал на Адел, кој ќе се емитува во САД во недела, на 14 декември.

Фото Инстаграм/Адел
Фото Инстаграм/Адел
Фото Инстаграм/Адел
Фото Инстаграм/Адел

Иако во еден момент и се сруши целиот свет, Адел успеа да ја пронајде својата љубов, нејзиниот сегашен дечко Рич Пол. Следбениците на Инстаграм и еден обожавател на нејзиниот лик и дело ја откриле оваа врска пред Адел официјално да ја потврди.

Фото Инстаграм/Адел
Фото Инстаграм/Адел

На многу мои пријатели на почетокот не им кажав бидејќи сакав да го задржам тоа за себе“, заклучила таа.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close