Кафе муабет

Меган Маркл искрено за мајчинството: Америка е земја каде мајката нема никакво државно платено породилно отсуство!

Нема доволно време за бебето...

Војвотката Меган Маркл постојано е во центарот на вниманието поради своите изјави па така сега предизвика големо внимание по гостувањето на интернет-платформата „Дилбук” (DealBook) на „Њујорк тајмс” каде што разговараше за различни теми од економијата, професионалноста и еднаквоста на жените.

Фото Инстаграм/Меган Маркел

Меган најмногу се посвети на темата за платено породилно отсуство. Имено таа токму на оваа тема неодамна напиша и отворено писмо до Конгресот на САД.

Фото Инстаграм/Меган Маркел

– И кога мојот живот и мојот начин на живот беа поинакви, се залагав за она што е правилно. Не бев во Америка долго време, живеев во Канада седум години, а потоа се преселив во Обединетото Кралство. Се вратив и станав мајка на две деца, а Америка е една од шесте земји во светот кои немаат никакво државно платено породилно отсуство… Едноставно нема смисла!, рече таа.

Фото Инстаграм/Меган Маркел

Меган посочи дека многу мајки се соочуваат со проблеми кога ќе се остварат во таа улога за прв пат. Таа истакна дека мајката во САД воопшто нема време да поминува со своето бебе.

Фото Инстаграм/Меган Маркел

– Имаме петмесечно бебе – ова е чувствителен период за нас. Ние имаме луксуз што воопшто го имаме тоа време со бебето, додаде таа.

Фото Инстаграм/Меган Маркел

Инаку војводата и војвотката од Сасекс живеат во замок од 14 милиони долари во Монтесито, Калифорнија, а Арчи редовно го носат во градинка каде што неговите врсници дури и не знаат дека е член на кралското семејство, тврдат родители на други деца кои се со него во групата.

Фото Инстаграм/Меган Маркел

Во градинка учат и шпански, музика, танц, глума и компјутерски науки, но имаат и некои не толку традиционални „предмети“ како емоционална писменост и како да се биде љубезен.

Фото Инстаграм/Меган Маркел

Родителот на едно од децата од групата на Арчи изјави за Mirror:

Фото Инстаграм/Меган Маркел

„Хари често го носи Арчи во градинка и доаѓа по него. Изгледа како многу добар татко. Сите родители се опуштени околу Хари и Меган, никој не прави врева околу тоа. А што се однесува до другите деца, Арчи е еден од нив. Тие не знаат дека неговиот татко е член на кралското семејство и веројатно не би им било важно, освен што Меган е принцеза на Дизни“.

Фото Инстаграм/Меган Маркел

Градинката е структурирана во мали групи, а децата учат и да ја чуваат животната средина.
Имаат голема градина полна со славејчиња, овошни дрвја, разни растенија, пеперутки, пчели и деца кои помагаат сето тоа да се одржи во живот. Наводно, Хари и Меган сè уште размислуваат за иселување од вилата бидејќи не им се допаѓа премногу локацијата.

Фото Инстаграм/Меган Маркел

За потсетување, Меган Маркл и принцот Хари пред пет месеци станаа родители на нивната ќерка Лилибет Дијана која се роди

Фото Инстаграм/Меган Маркел

на 4 јуни 2021 година во болницата Санта Барбара Котиџ во Калифорнија.

Фото Инстаграм/Меган Маркел
Фото Инстаграм/Меган Маркел

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close