Дом и семејство
Мајка стана мета на критики – Ги дои синовите кои имаат 5 и 6 години и не планира да престане!
Иако првично планирала да престане да дои кога нејзиниот прв син ќе наполни три години, таа сакала и нејзините синови да бидат дел од таа одлука. А Рајли рече дека нема да престане да цица додека не наполни 10 години...
Шерил Вин е мајка која се уште ги дои своите деца а за тоа често пати е критикувана.
Имено знаејќи за многуте придобивки од доењето, но и за различните проблеми кои можат да се појават таа добива низа коментари.
Ова е често контроверзна тема, а во општеството преовладува мислењето дека доењето ја исполнило сета своја вредност со годината на возраста на детето. Од друга страна, нема препорака на која возраст е во ред да се дои или не и секоја жена одлучува сама.
Шерил Вин вели дека за неа не е проблем да ги дои децата кои веќе имаат 5 и 6 години.
39-годишната мајка ги дои синовите пред училиште, навечер, па дури и во парк ако тие тоа го посакаат. Таа верува дека тоа е сосема нормално и дека доењето ги зближило.
Шерил смета дека доењето е исклучително важно:
„Мајчиното млеко е врвна родителска алатка бидејќи помага да се смират децата и ги утешува кога се вознемирени или болни“, пренесува Mirror.
Иако првично планирала да престане да дои кога нејзиниот прв син ќе наполни три години, таа сакала и нејзините синови да бидат дел од таа одлука. А Рајли рече дека нема да престане да цица додека не наполни 10 години.
„Размислувам кога ќе престанам. Сепак, додека децата го бараат тоа, тоа е биолошки нормално. Изборот не е само мој, ние треба да одлучиме заедно“, вели Шерил.
Продолженото доење не е многу популарно во повеќето западни земји поради традиционалните концепти за промовирање на самодоволност и независност на детето. Поради својата одлука таа се соочува со бројни негативни коментари од семејството и околината.
“Често ме прашуваат дали мислам дека однесувањето на моите деца е нормално. Тие се деца. Тоа не зближи. Знаат дека можат да дојдат кај мене во секое време и да ме утешат. Тоа е дел од нашата врска и главната причина поради која продолжувам да доам. “, тврди Шерил.
Таа признала и дека ги доела своите синови во тандем, додека не пораснале.
“Мислам дека никогаш не решив да престанам да ги дојам. Тоа беше нешто што го замислував и ми изгледаше сосема природно. Убаво искуство”, заклучува таа.
Погледнете како изгледа мајчиното млеко под микроскоп..
Свесни сме за тоа дека мајчиното млеко е магичен напиток за бебето и сите се трудиме да му го обезбедиме на бебето кога ќе дојде на свет. Многу пати имаме слушнато за тоа што содржи, какви предности има и не’ фасцинира со тоа што е од особена корист за детскиот раст и развој.
Сепак, дали некогаш сте се запрашале како изгледа овој магичен напиток за бебиња под микроскоп? Една мајка сподели снимка на која е снимена само една капка од своето млеко.
„Луѓе, ова е многу кул! Тоа е живо течно злато кое го нарекуваме мајчино млеко. Ова е само една капка од моето млеко под микроскоп. Тоа е чудо и се’ што му е потребно на моето бебе во овој момент. Целосно фасцинирачки“, напишала Џенсен Хауард под снимката која ја споделила.
„Слушнав дека мајчиното млеко го менува својот состав, за да се прилагоди на потребите на детето. На пример, ако е болно, во млекото се создаваат антитела кои помагаат да се избори со инфекција“, вели оваа мама за Huffington Post.
Покрај предностите кои ги нуди доењето за бебето, нуди големи предности и за здравјето на мајките. Намалено крвавење по породувањето, побрза инволуција на матката, побрзо враќање на посакуваната телесна тежина, помал ризик од рак на дојка, на јајчници, а и помал ризик од појава на остеопороза во подоцнежните години, односно во постменопаузата.