Дом и семејство
Мајка правела свадба за синот, ја видела лузната на снаата и се шокирала- нема да верувате што се случило на оваа свадба!
На свадбата на синот ја пронашла својата биолошка ќерка...
Оваа исповед е една од многуте за мајка на која и било одземено детето по самото раѓање.
Имено станува збор за мајка од Кина на која пред многу години и била одземена нејзината ќерка, па таа решила да посвои син.
Но на денот на венчавката на нејзиниот син, се случило вистинско чудо и никој не очекуваше дека токму тогаш ќе ја пронајде нејзината ќерка.
Таа откри дека на денот на венчавката на нејзиниот син, открила дека неговата невеста е всушност нејзината изгубена ќерка.
Жената наводно можела да ја препознае својата ќерка, од која била разделена пред многу години, по трагата на нејзината рака која ја видела на денот на церемонијата.
Невестата и нејзината биолошка мајка беа видени како плачат и се гушкаат за време на изненадувачкиот собир во Сужоу во кинеската провинција Џиангсу на 31 март, објави Тајмс.
Во целата оваа приказна добро е тоа што сепак, младенците не се брат и сестра.
Венчавката може да се одржи откако ќе се утврди дека синот на жената е посвоен.
Жената, наводно, решила да посвои син по повеќе години залудно трагање по својата ќерка.
Според „Тајмс њуз“, мајката на младоженецот забележала лузна на раката на невестата.
Веднаш ги прашала родителите на невестата дали нивната ќерка е посвоена.
Родителите биле изненадени од прашањето, па биле приморани да кажат дека го посвоиле детето откако го нашле покрај патот пред повеќе од 20 години.
This love story is full of plot twists! | via @philstarlifehttps://t.co/WMSsaED3l3
— The Philippine Star (@PhilippineStar) April 7, 2021
Слушајќи ја приказната, невестата се расплака и го опиша моментот на средбата со нејзината биолошка мајка како „посреќен од самиот ден на венчавката“.
Венчавката се одржа и покрај шокантното откритие и парот размени завет.