Дом и семејство

Мајка на осум деца ќе го роди СОПСТВЕНОТО ВНУЧЕ: „Бебето пристигнува во мај“

Не можела да ја гледа ќерка си несреќна...

Познато е дека љубовта на мајката кон децата нема граници. Сепак, некои мајки се подготвени да направат буквално се за своите деца – дури и да го родат нивното дете!

Фото Инстаграм/ Челзи Смит

Доказ за тоа е оваа мајка на осум деца која е бремена со своето внуче откако открила дека нејзината ќерка се бори со неплодност.

Фото Инстаграм/ Челзи Смит

Педесетгодишната Челзи Смит од Јута се понудила да биде сурогат мајка на нејзината ќерка Кејтлин Муњоз (24), откако и било кажано дека повеќе не може да има деца поради автоимуна болест. На Кејтлин, која живее во Ел Пасо, Тексас, во 2019 година и беше дијагностициран Сјогеровиот синдром, болест која ги погодува здравите делови од телото, а исто така боледува и од ендометриоза – состојба при која мали делови од ендометриумот (слузницата на матката) ја напуштаат шуплината на матката (cavum uteri) и се прикачуваат на други органи, најчесто во пределот на карлицата.

Фото Инстаграм/ Челзи Смит

Кејтлин, инаку, имала среќа да го роди синот Калахан, кој сега има две години, преку ин витро оплодување, пред да и биде дијагностициран Сјогренов синдром.

Фото Инстаграм/ Челзи Смит

„Во текот на 2019 година веќе се борев со неплодност поради ендометриоза и безуспешно се обидував да имам дете. Откако забременив со Калахан, бременоста одеше многу добро, се додека не добив напад во 30-тата недела, што доведе до мојата дијагноза. Лекарите ми рекоа дека нема да биде безбедно повторно да останам бремена. Бев скршена, отсекогаш ми беше сон да имам големо семејство и многу деца“, рече Кејтлин, за Дејли Меил.

Фото Инстаграм/ Челзи Смит

Челзи тешко ја поднесе веста за здравствената состојба на нејзината ќерка.

„Во октомври 2019 година, додека беше бремена со Калахан, Кејтлин дојде да ме посети, бидејќи живееме во различни земји“, се сеќава Челзи.

Кетлин има Сјогренов синдром од својата 16-та година, но никогаш не добила точна дијагноза.

Фото Инстаграм/ Челзи Смит

„Имаше неверојатна среќа што ја издржа бременоста со Калахан до крај, бидејќи Сјогренов синдром често предизвикува рани абортуси“, вели неутешната мајка.

Долго размислувала како да и помогне на својата ќерка, а потоа и паднала на памет необична идеја.

Фото Инстаграм/ Челзи Смит

“Никому не кажав за моите мисли додека не се уверив дека не донесувам емотивна одлука, но знаев дека тоа е вистинската работа. Сепак, неколку месеци откако ми кажа, и се јавив и ѝ понудив да бидам сурогат мајка. Беше шокирана од идејата затоа што седеше во автомобилот и чекаше нејзиниот син да се разбуди прашувајќи се како да има уште деца“, се присети мајката која не можеше да ја гледа својата ќерка со скршено срце.

Фото Инстаграм/ Челзи Смит

Сите ги поддржаа во идејата, па Челзи направи неколку анализи и здравствени прегледи за да се увери дека може да ја издржи бременоста поради возраста.

„Кога сè ни беше јасно, во септември ми беа вградени два ембриони, а тоа доведе до тоа сега да сум бремена со внучето“, се пофали идната мајка-баба.

Фото Инстаграм/ Челзи Смит

Ќерката на Кејтлин треба да се роди во мај, а семејствата Муњоз и Смит се исклучително возбудени поради нејзиното доаѓање.

Фото Инстаграм/ Челзи Смит

„Мислам дека најважниот момент на целото искуство на сурогат мајчинство ќе биде кога ќе го видам блескавото лице на ќерка ми додека ја гледа својата ќерка до мене. Кејтлин и нејзиниот сопруг толку многу копнееја по ова што радоста и љубовта на нивните лица ќе ми го исполнат срцето кога ќе дојде бебето“, изјави на крајот идната баба која сама ќе го роди внучето.

Фото Инстаграм/ Челзи Смит

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close