Новости

МАЈКА ЛАЖЕЛА ДЕКА БОЛЕДУВА ОД ТЕШКА БOЛECТ: Добила 45.000 долари како донација- парите ги искористила за луксузни патувања!

Изневерила повеќе од 600 лица...

42 годишната Никол Елкабас од Кент, која е мајка на едно девојче проневерила 600 лица кои донирале пари за добротворни цели преку страницата „GoFundMe“. Имено, Никол ја искористи добродушноста на луѓето и излажа дека боледува од р*к на јајчник.

фото илустрација

Никол успеа да собере 45.000 американски долари преку страницата „GoFundMe“ со помош на 600 луѓе, пишува „Мирор“. Луѓето сакаа финансиски да и помогнат за да започне што полесно процесот на лекување за нејзината сериозна болecт. Сепак, таа не беше болна, таа едноставно ги користеше луѓето за себични цели.

фото илустрација

Никол беше прогласена за виновна за изневерување луѓе. Парите што ги добила ги искористила за шопинг, патувања во Барселона и Рим, но и за обложување.

фото илустрација

Со цел да биде што е можно поубедлива на страницата „GoFundMe“, таа објави лажна фотографија од болницата каде наводно се лекувала. Всушност, фотографијата е направена откако таа имала операција на жолчното кесе. Покрај фотографиите, таа напиша дека и е дијагностициран кар *ином на јајници и дека е на агресивна хемотерапија. Обвинителството ги дефинираше сите овие обвинувања како грозоморна лага.

фото илустрација

Никол Елкабас (42) беше прогласена за виновна пред судот по повеќе основи за измама. Во своја одбрана, таа рече дека верува оти има р*к.

Адвокатот Бен Ирвин пред судот рече дека Никол „самоуверено измамила“.

фото илустрација

„Таа играше на картата на емпатијата на луѓето и рече дека е тешко и дека нема помош за неа“, рече Бен Ирвин.

Судијата Марк Викес за време на пресудата рече дека Никол изневерувала и манипулирала со луѓе.

„Се коцкавте, уживавте во патувањата и луксузите во Италија и Шпанија на туѓа сметка, притоа измислувајќи детали и наводни докази за медицински третман“, и ’рече судијата Марк Викес.

На суд, поранешниот пријател на Никол Елкабас, Хамфри Морис, гинеколог, рече дека никогаш не и бил дијагностициран р*к на јајници.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close