Новости

Мајка за прв пат го гледа своето бебе откако се разбуди од кома предизвикана од Ковид-19- видео кое ќе ве расплаче!

Таа направила се за да биде со своите деца...

Мајките секојдневно прават по некој натчовечки подвиг, но фактот дека 32-годишна жена од Висконсин и мајка на четири деца Келси Таунсенд и денес е жива е чудо.

Откако се заболе од коронавирус кон крајот на октомври, во 39-тата недела од нејзината бременост, состојбата на Келси брзо стана критична и таа за малку ќе го загубеше животот и покрај тоа што немаше претходни здравствени проблеми.

Месеци подоцна, таа конечно е доволно добра за да може да се врати дома во семејството и да го види за прв пат своето мало девојче, кое досега немаше шанса да го држи во раце.

 

Целото семејство Таунсенд многу сериозно ја сфати пандемијата на коронавирус и беше социјално изолирано носејќи маски, па дури и користеше само домашна храна. Но, кон крајот на октомври, родителите заедно со нивното најстаро дете, осумгодишната ќерка Пејтон, дознаа дека се позитивни на коронавирус.

Сепак, дури и сега не знаат каде се заразиле.

Иако Дерек имаше сериозни симптоми, тој се опорави по околу 48 часа. Келси, сепак, не се подобри ниту со текот на времето. Беше доцна во ноќта кога парот одлучи дека треба да оди во болница , а Келси немаше време да се збогува со Пајтон и нејзините помлади деца Би и Фејт затоа што спиеја.
За еден час по пристигнувањето во болницата, Келси беше ставена во медицински предизвикана кома и однесена во салата за породување.

Со помош на медицинска интервенција, на 4 ноември го роди своето четврто дете, бебето Луси.

Дерек Таунсенд не можеше да присуствува на раѓањето на Луси или да ја запознае се додека не наполни два дена, бидејќи тој самиот беше позитивен на ковид-19. Покрај тоа, поради безбедносни ограничувања, тој не можеше да ја види својата сопруга во следните неколку месеци. Потоа започна застрашувачко и неверојатно патување за семејството Таунсенд.

Келси беше пренесена во универзитетската болница Медисон, каде помина 75 дена на ECMO машина и респиратор.
На Бадник, на Дерек,му беше дозволено да оди во Келси, да ја држи за рака и да и каже на сопругата дека нејзините лекари утврдиле дека ќе и биде потребна двојна трансплантација на белите дробови.

Ова беше резултат на штетата што им ја нанесе вирусот Ковид-19 на нејзините органи. Но, за да може да ја издржи операцијата, таа ќе мора да работи со терапевти за рехабилитација

По десет недели лежење и поради многу лекови што требаше да ги пие, нејзината рехабилитација беше предизвик.

Но, Келси, благодарение на нејзината упорност, стори сé, и она што се случи потоа беше чудо. Додека чекаа на состанокот за трансплантација, телото на Келси започна да се опоравува, и тоа многу брзо. Имено, таа на 27 јануари ја напушти болницата со свои бели дробови, а тоа беше посебен ден затоа што тогаш се сретна со своето четврто дете.

„Мислевме дека трансплантацијата е единствениот начин да се врати дома, па ова е прилично чудесно“, рече Дерек, додавајќи дека физикалната терапија треба да трае еден час, а неговата сопруга редовно ги моли терапевтите да останат подолго.

Иако сега е дома, сепак и треба помош од апаратза кислород и не смее да се напрега за да не го одложи  сопственото закрепнување, пишува Today.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close