Кафе муабет
Мајката на Дарко Лазиќ бесна поради свадбата со Барбара- еве што вели за тоа!
Бранка мисли дека многу брзаат...
Фолкерот Дарко Лазиќ откри дека планира голема свадба со својата свршеница Барбара Бобак, а за пејачот ова ќе биде трет брак.
Имено, тој рече дека церемонијата ќе ја направи прво во ресторан, а потоа под голем шатор, пред неговата родна куќа во Брестач. Меѓутоа, како што сега пренесува Скандал, мајката на Дарко, Бранка Лазиќ, поради овој потег му одржала лекција на својот син.
– На Бранка и е преку глава од снаи и веридби. Жената не знае каде тера, а тој се жени речиси на две години – започнува извор за „Скандал“ и додава:
– Таа нема ништо против Барбара, само мисли дека брзаат и нејќе ни да слушне шатор да биде поставен пред нејзината куќа.
Таа остро му рече:
“Нема секогаш да бидеме циркус, што сме ние, дворски будали?! Нема да ми го вртиш тој вол пред домот, доста е!” Но, знаете Дарко, тој е толку шармантен, а мајка му е слаба на него затоа верувам дека оваа радост ќе биде гала прослава и дека на крајот Бранка ќе ја подготви.
Инаку, мајката на Дарко неодамна за српски Курир изјави дека е рано за уште едно внуче.
-Ако Дарко е среќен, и јас сум. Искрено мислам дека конечно дојде време тој да биде вистински среќен а не секогаш да се пишува за него ова или она. Тогаш излегува дека жените се секогаш во право, а тој не е. И јас сум жена, но реална сум, секогаш се пишува за него како да е бабарога, а женскиот свет е добар, тие се добри. Мислам дека е уште рано за уште едно внуче, но ако се случи Боже мој, никогаш не е доволно од деца. Со Барбара засега добро се согласуваме, а нејзините родители го прифатија Дарко – изјавила мајката на пејачот.