Кафе муабет
МАЈА ШУПУТ ПОВТОРНО ШОКИРАШЕ: Сакам бебето да ги има моите прсти, на Ненад се дебели!
Повторно шокираше...
41 годишната пејачка Маја Шупут ситно брои до породувањето.
Таа беше гостинка во една српска емисија каде ги раскажа своите детали за бременоста, свирките и плановите за во иднина.
Коментирајќи што би сакала да има нејзиниот син, таа потенцираше дека би сакала да има стил како неговиот татко.
– Мојот сопруг се облекува убаво. И, се надевам дека малото ќе го земе тоа од тато.
Маја вели дека смета оти малиот ќе биде шминкер. Пејачката сподели со јавноста дека за сега 10 имиња се во игра, за нејзиното синче, но се уште се отворени за предлози кои најчесто пристигнуваат од нивните пријатели.
– Нема да биде хрватско име. Имавме име за девојче, но потоа дознавме дека е момче. Бевме убедени дека ќе биде девојче, Ненад остана шокиран кога слушна дека ќе добиеме момче. Знам сè за тул, потпетици, а потоа морав да купам багери, пиштоли … – вели таа.
По изјавата дека не сака нејзиниот син да има хрватско име како неговиот татко, таа сега повторно шокираше.
– Странско име. Не е ни тајна. Едноставно не ме интересираат домашните. Ништо не оди со Шупут, но сè оди со Татаринов, така што ќе дадеме некое моќно име со ова презиме. А не кога ќе отидеме некаде и мојот сопруг ќе каже дека се вика „Ненад“. Прашуваат па зошто? Толку убав човек со такво име. Мислам дека со името го обележуваш детето, и затоа мора да се внимава, кога си тинејџер на училиште децата може да те малтретираат, и сега не е како порано. Сега децата се поинакви, тие се борат. Замислете да му дадете име на детето кое ќе го доведе во неволја, така што целиот живот ќе ми вели: „Дали мораше?“ – објасни тогаш Маја.
Сега таа псоочи дека не сака детето да има прсти како неговиот татко…
-Постојат некои работи што би сакала да ги има малиот. Би сакала да има прсти како моите, сопругот има дебели прсти, но добро на мојот сопруг сè е супер, нека го има мојот нос … Мојот сопруг има добар карактер па би сакала да биде како него. Јас сум повеќе духовита, па нека тоа биде на мене, и тој ќе биде Овен во хороскоп, па верувам дека ќе биде свој шеф.
Маја воопшто не сака да чита за бременоста, бидејќи така повеќе би се оптоварила.
– Не се плашам од ништо и не читам ништо. Сите ме познавате како несериозна, но јас сум во сериозна возраст. Од деловна страна, направив многу повеќе отколку што мислев. Ако толку многу жени успеале со бебето, се надевам дека нема да направам нешто глупаво – се пошегува таа. Таа исто така рече дека бременоста е иста работа како воената служба во однос на времетраењето.
Зборувајќи за бременоста за време на пандемија, таа вели дека сосема и одговара бидејќи кога животот на сите е ставен во мирување Маја немала чувство дека заостанува зад другите.
– Едвај чекам да дојде бебето бидејќи ништо не сум чекала толку долго. Би полудела сега кога сите би оделе на настапи, но ете, никој не оди никаде. Не изгубив ниту една свирка заради бременоста, а малиот дојде во вистинско време – вели таа и додава: Ќе постигнеме сè, сите свадби што не се случија минатата година.
Маја е искрена и посочи дека не ја бидува многу за готвење па поради тоа најчесто нејзиниот сопруг е во кујната.
– Мојот сопруг готви, јас само понекогаш чистам лук, дури и тоа не го правам добро. Она што го правам не е во ред, кога имаше карантин, чистев, но не би го правела тоа повторно. Јас не сум домаќинка, самата помисла да одам да чистам, да бришам прозорци, тоа ме нервира, но тоа е затоа што не можам. Не се сите за се. Јас можам да направам нешто да јадам, не е дека не можам, но нема да биде толку добро – признава таа.