Кафе муабет

Маја откри кога треба да се породи, а кога го кажа името што го избра, сите „прснаа“ од смеење!

По 16 години врска, од кои 6 години брак со сопругот Ален Драгосава, ќе се реализира во улога на мајка....

Во емисијата на Огњен Амиџиќ гостинка беше популарната пејачка Маја Беровиќ која неодамна на својот Инстаграм со милиони фанови сподели убава вест која одекна како бомба.

Фото Инстаграм/Маја Беровиќ
Фото Инстаграм/Маја Беровиќ

Имено, пејачката по 16 години врска, од кои 6 години брак со сопругот Ален Драгосава, ќе се реализира во улога на мајка.

Фото Инстаграм/Маја Беровиќ
Фото Инстаграм/Маја Беровиќ
Фото Инстаграм/Маја Беровиќ
Фото Инстаграм/Маја Беровиќ

Сите зборуваат за долгоочекуваната блажена состојба на пејачката, а во оваа прилика таа си ја отвори душата за тоа, па призна се за бременоста и плановите за бебето.

Фото Инстаграм/Маја Беровиќ

– Како што можете да видите, се чувствувам бремено. Шести месец, наскоро во седмиот, ги броиме деновите. Отсекогаш ми било драго кога ќе слушнав дека некоја жена е бремена. Тоа не може да биде поубава вест. Со сопругот сме заедно 16 години – вели Маја и додава:

Фото Инстаграм/Маја Беровиќ

– Бремена сум од крајот на мај. Знам се точно, имав чувство од самиот почеток кога се случи. Се се случи во Дубаи, па бебето ќе се вика Хабиби. (се смее) Се шегувам, но момче е, важно ни е да одбереме светско име, бидејќи бебето ќе оди на училиште во Австрија. Презимето на бебето ќе биде Драгосав. Ќе смислиме и добро име – рече Маја.

Фото Инстаграм/Маја Беровиќ
Фото Инстаграм/Маја Беровиќ
Фото Инстаграм/Маја Беровиќ

– Крајниот термин е 20 февруари. Кога сфатив дека ќе биде риба, ми олесна, бидејќи сум рак, ќе се разбереме. А тато е малку поогнен, лав е – заклучила Маја.

За потсетување, Маја и Ален се запознаа уште кога таа беше малолетна.

Фото Инстаграм/Маја Беровиќ

– Тој доаѓаше на секој мој настап во Босна и се завршуваше со погледи бидејќи имав само 17 години. Бев малолетна и лудо заљубена во човек кој доаѓа на моите настапи – изјави Маја, која е родена 1987 година во Илијач кај Сараево, а израснала во селото Малешичи, како и во Братунац.

Фото Инстаграм/Маја Беровиќ

Почнаа да се забавуваат, и многу наскоро започнаа да живеат под ист покрив.

Фото Инстаграм/Маја Беровиќ
Фото Инстаграм/Маја Беровиќ

– По некое време сфативме дека не можеме да оставиме се така и дека премногу се грижиме за нашата врска и дека премногу се грижиме оваа врска да остане на платонска љубов. Многу брзо ја донесовме одлуката да живееме заедно, што беше тешко да и се каже на мајка ми, која е самохрана мајка и за која разделбата на женско дете толку рано беше болна. Сепак, тоа не ми застана на патот на мојата среќа. Ален ми помогна финансиски и морално да го издадам мојот прв албум. Сега, неколку години подоцна, јас сум некој што може да инвестира во мојата кариера – рече Беровиќ.

Фото Инстаграм/Маја Беровиќ

Маја и Ален се венчаа во 2016 година во православна црква во Грција. Во тоа време, Беровиќ не беше особено популарна, особено во Србија, но неколку години подоцна таа доживеа популарност со нов музички правец што и донесе полни клубови и арени низ целиот регион.

Фото Инстаграм/Маја Беровиќ
Фото Инстаграм/Маја Беровиќ
Фото Инстаграм/Маја Беровиќ

– Мојата венчавка не беше баш како што велат „тајна“. Го избрав Родос затоа што ми е еден од најубавите острови во Грција и затоа што имаа православна црква. Имавме желба да се венчаме во Православната црква – изјави пејачката по венчавката.

Фото Инстаграм/Маја Беровиќ
Фото Инстаграм/Маја Беровиќ
Фото Инстаграм/Маја Беровиќ
Фото Инстаграм/Маја Беровиќ
Фото Инстаграм/Маја Беровиќ

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close