Кафе муабет
Маја Беровиќ откри радосна вест- пејачката е пресреќна, честитки пристигнуваат од сите страни!
Маја е во шестиот месец од бременоста, а во февруари ќе роди момче...
Пејачката Маја Беровиќ, по бројните шпекулации дека е бремена, одлучи да ја сподели оваа добра вест со своите фанови.
Маја е во шестиот месец од бременоста, а во февруари ќе роди момче.
Во оваа прилика, Маја се огласи и со интересна фотографија ја сподели убавата вест.
– Се чини дека следната година ќе има повеќе бебиња отколку вечерва, бидејќи наскоро доаѓа мама Бебовиќ. Неизмерно сум среќна и благословена што ќе донесам нов живот на светот! Им благодарам на сите мои пријатели и соработници кои се грижеа за мене во сите фази во претходните месеци, со цел да ја изведам целата сезона професионално како што сте навикнати од мене. И сега, по феноменалните месеци поминати со вас во ова лудо време што не опкружува, конечно може да започне мојот сладок одмор – напиша Маја во описот на фотографијата.
Она што е интересно,е дека Маја за прв пат по петнаесет години од кариерата ќе замине на заслужен одмор, а дотогаш ќе се обиде да подготви нови песни за сите нејзини обожаватели со кои ќе се врати на музичката сцена.
За потсетување, Маја Беровиќ во 2016 година го изговори своето судбоносно „ Да“ со својот избраник Ален Драгосав во кого е заљубена од свои 17 години.
Парот се венчаше во православна црква на грчкиот остров Родос, а иако многумна зборуваат дека венчањето било тајно, пејачката тоа го демантираше но изјави дека немала потреба да се зборува за венчавката.
Исто така, Маја во неколку наврати ги демантирала приказните за разводот и за крајот на бракот кои одекна во српските медиуми.
Маја Беровиќ моментално е една од најпопуларните пејачи на српската јавна сцена, а повеќе затоа истакнала дека всушност нејзиниот сопруг и е најголема поддршка.
– Сите знаат за тоа и не кријам дека тој ми е најголема поддршка кој остана покрај мене и ми помагаше многу и финансиски на почетокот.
Тој беше некој кој инсистираше да се занимавам професионално со музика, бидејќи виде колку сакам да пеам.
Тој е мојата најголема поддршка и продуцент на сето ова. Насочени сме еден кон друг и заедно осмислуваме се.
И кога визуелниот идентитет е во прашање, морам да признаам дека тој е мојот најголем критичар, рекла Маја во една прилика.
Ален, според пишаните босански медиуми, австријски бизнисмен, но и менаџер на својата сопруга.
Маја исто така прозборе и за своите брачни проблеми, но и објанала како ги решава.
– Морам да кажам дека ретко ме напаѓа, но некогаш се случува… Физички никогаш, воглавно се е вербално.
Го слушам, него просто е невозможно да не го слушате, бидејќи зборува многу гласно. Тој е постар и помудар, рекла таа.
Инаку, Маја важи за една од најатрактивните пејачки на српската естрада, нејзините настапи се вистиински спектакл.