Кафе муабет

МАЈА БЕРОВИЌ ВО ЛОША ЗДРАВСТВЕНА СОСТОЈБА: Итно ги откажа сите настани-се огласи со емотивна порака

Ги откажа настапите поради здравјето...

Познатата пејачка Маја Беровиќ откако се породи ја доведе линијата до совршенство па реши да продолжи со настапи и да се претстави пред својата публика во најдобро светло, овој пат како мајка, но за жал плановите не секогаш се исполнуваат.

фото инстаграм/Маја Беровиќ

Имено Маја имаше закажани настапи за следниот период но сепак, дојде до пресврт.

фото инстаграм/Маја Беровиќ

Беровиќ на социјалните мрежи објави дека ги откажува сите претстојни обврски поради здравствени проблеми.

фото инстаграм/Маја Беровиќ

– Драги мои, за жал, поради моето нарушено здравје, принудена сум да ги откажам сите закажани концерти од утре до 16 август 2022 година – напиша таа.

фото инстаграм/Маја Беровиќ

– Ви благодарам за разбирањето. Ве сакам! – додаде Беровиќ, која, да потсетиме, зимоска го роди наследникот Лео.

фото инстаграм/Маја Беровиќ

Маја не даде повеќе информации за здравствениот проблем, додека нејзините обожаватели и испратија бројни пораки со поддршка и коментари за брзо опоравување.

Фото Инстаграм/Маја Беровиќ

Инаку Маја го роди детето во болница во Грац, Австрија, за што зборуваше и пред да се породи. Таа неодамна откри зошто токму сега сакала да стане мајка.

Фото Инстаграм/Маја Беровиќ

– Градев кариера, да се посветев на мајчинството немаше да го направам тоа што го направив. Во принцип, го постигнав тоа што го сакав во животот. Пред неколку дена објавивме снимка од концертот во Арена. Сега се разбуди желбата да имам нешто што е дел од мене, не треба да се форсира, туку да се чека вистинскиот момент – рече Маја.

Фото Инстаграм/Маја Беровиќ

Извор близок до пејачката откри дека во познатата приватна клиника каде се породи Беровиќ, таа ја имала сета можна удобност за време на престојот. Се разбира, за големи пари.

Фото Инстаграм/Маја Беровиќ

Беровиќ плати дури 7.000 евра за породувањето, а секој ден над планираниот ќе чини 510 евра.
Маја во оваа болница таа уживала во луксуз како да е на бања. Таа ја избра оваа клиника, затоа што е единствената каде во болничката соба може да дојдат фризери, маникир и педикир, а има и посебен простор за медитација, откри изворот за 24 седум.

Фото Инстаграм/Маја Беровиќ

Маја и нејзиниот сопруг Ален се запознаа уште кога таа беше малолетна. – Тој доаѓаше на секој мој настап во Босна и се завршуваше со погледи бидејќи имав само 17 години. Бев малолетна и лудо заљубена во човек кој доаѓа на моите настапи – изјави Маја, која е родена 1987 година во Илијач кај Сараево, а израснала во селото Малешичи, како и во Братунац.

Фото Инстаграм/Маја Беровиќ

Почнаа да се забавуваат, и многу наскоро започнаа да живеат под ист покрив.

Фото Инстаграм/Маја Беровиќ

– По некое време сфативме дека не можеме да оставиме се така и дека премногу се грижиме за нашата врска и дека премногу се грижиме оваа врска да остане на платонска љубов. Многу брзо ја донесовме одлуката да живееме заедно, што беше тешко да и се каже на мајка ми, која е самохрана мајка и за која разделбата на женско дете толку рано беше болна. Сепак, тоа не ми застана на патот на мојата среќа. Ален ми помогна финансиски и морално да го издадам мојот прв албум. Сега, неколку години подоцна, јас сум некој што може да инвестира во мојата кариера – рече Беровиќ.

Фото Инстаграм/Маја Беровиќ

Маја и Ален се венчаа во 2016 година во православна црква во Грција. Во тоа време, Беровиќ не беше особено популарна, особено во Србија, но неколку години подоцна таа доживеа популарност со нов музички правец што и донесе полни клубови и арени низ целиот регион.

фото инстаграм/Маја Беровиќ

– Мојата венчавка не беше баш како што велат „тајна“. Го избрав Родос затоа што ми е еден од најубавите острови во Грција и затоа што имаа православна црква. Имавме желба да се венчаме во Православната црква – изјави пејачката по венчавката.

Фото Инстаграм/Маја Беровиќ

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close