Кафе муабет
Маја Беровиќ блеска во бременоста – не сте виделе поубава трудница (ФОТО)
Таа на својот Инстаграм профил објави фотографија и покажа дека нејзиниот труднички стомак расте...
Пејачката Маја Беровиќ го очекува своето прво дете со сопругот Ален Драгосава, со кој е од својата 17-та година.
Таа сега на својот Инстаграм профил објави фотографија и покажа дека нејзиниот труднички стомак расте.
Маја ја подигна маицата и го покажа својот стомак кој беше во преден план а во описот напиша Растеме и стави емотикон со бебенце.
Маја малку зборува за приватниот живот и партнерот љубоморно го држи подалеку од очите на јавноста, и ретко се појавува со него.
Двајцата се венчаа во 2016 година, а момчето кое го носи пејачката е круна на нивната љубов.
– Тој доаѓаше на секој мој настап во Босна и се завршуваше со погледи бидејќи имав само 17 години. Бев малолетна и лудо заљубена во човек кој доаѓа на моите настапи – изјави Маја, која е родена 1987 година во Илијач кај Сараево, а израснала во селото Малешичи, како и во Братунац.
Почнаа да се забавуваат, и многу наскоро започнаа да живеат под ист покрив.
– По некое време сфативме дека не можеме да оставиме се така и дека премногу се грижиме за нашата врска и дека премногу се грижиме оваа врска да остане на платонска љубов. Многу брзо ја донесовме одлуката да живееме заедно, што беше тешко да и се каже на мајка ми, која е самохрана мајка и за која разделбата на женско дете толку рано беше болна. Сепак, тоа не ми застана на патот на мојата среќа. Ален ми помогна финансиски и морално да го издадам мојот прв албум. Сега, неколку години подоцна, јас сум некој што може да инвестира во мојата кариера – рече Беровиќ.
– Тој е мојата најголема поддршка и тој е продуцент на сето ова. Фокусирани сме едни на други и заедно дизајнираме се. А, кога станува збор за визуелниот идентитет, морам да признаам дека тој е мојот најголем критичар – рече Маја во една прилика.
Патем, Маја еднаш призна дека има несогласувања во неа и Ален, исто како и во секоја друга врска.
– Многу добро се разбираме, што не значи дека понекогаш нема несогласување. Би било чудно да се согласиме за се но најчесто наоѓаме компромис и добро решение. Се научивме еден со друг и знаеме да ја донесеме најдобрата одлука, така што нема огорченост затоа што никој од нас не прави ништо избрзано. Секогаш едногласно донесуваме одлуки што ни се важни, без разлика дали се работи за деловни или приватни работи. Мислам дека договорот е најдобро решение за бракот – рече Беровиќ.