Кафе муабет

Марко со години се бори со оваа болест, сликите од венчавката кажуваат се: Еве што се случува со помладиот брат на Новак (ФОТО)

Бил во тешка депресија поради успехот на Новак...

Помладиот брат на Новак Ѓоковиќ, Марко е најмалку експониран во јавноста и е еден од тројцата браќа кои очигледно најмногу уживаат во животот надвор од очите на јавноста.

фото инстаграм/Марко Ѓоковиќ

Животот и кариерата ги гради далеку од Србија, во сончевата Марбела, каде што работи на тениска академија, а ја најде и својата љубов.

фото инстаграм/Марко Ѓоковиќ

Одлуката да се пресели ја донел затоа што повеќе не сакал да биде под будното око на медиумите, ниту да живее во сенката на Новак, но на татко му Срѓан му е тешко што Марко е толку далеку од семејството.

фото инстаграм/Марко Ѓоковиќ

– Ќе направам се Марко да се врати во Србија. Мразам да живее во Шпанија. Не издржа да му биде брат на Новак. Каде и да се појавеше сите го запираа и прашуваа за Новак, а тој велеше да го оставиме на мира, дека е Марко. Затоа и замина. На лето привршуваме една голема куќа кај Рума, се надевам дека така ќе го привлечам да дојде – изјави во една прилика Срѓан Ѓоковиќ.

фото инстаграм/Марко Ѓоковиќ

Сепак, според сите проценки, Марко е презадоволен од животот во Шпанија, бидејќи во оваа земја го нашол својот мир.

фото инстаграм/Марко Ѓоковиќ

Никој не го споредува со Новак и неговите успеси, а долгогодишната борба со депресијата успеа да ја надмине со помош на својот гуру Пепе Имаз, кој подоцна стана и важна поддршка во тимот на најдобриот светски тенисер.

фото инстаграм/Марко Ѓоковиќ

Имено, Новак го запознал Имаз преку својот брат и веднаш почувствувал голема благодарност кон него, бидејќи успеал да го извлече Марко од опасните канџи на депресијата и тешката емотивна состојба.

фото инстаграм/Марко Ѓоковиќ

Но, тој самиот се заинтересирал за учењата на овој гуру. Поради оваа причина тој често одел во Марбела со сопругата Јелена, која исто така е воодушевена од неговите методи, пишува „Свет“.

фото инстаграм/Марко Ѓоковиќ

– Марко беше во хаотична состојба. Работевме напорно за да го поправиме. Кога дозна Новак, ми се заблагодари и почнавме да работиме заедно. Бевме во Дубаи, Монте Карло, Марбела, изјави Имаз во интервју за „Ла Риоха“, кое го пренесува „Новости“.

фото инстаграм/Марко Ѓоковиќ

Помладиот брат на Новак Ѓоковиќ, Марко Ѓоковиќ, целосно го промени погледот на светот и животот, а токму во интервју за „Еспањол“ за време на турнирот во Мадрид зборуваше за љубовта и самоусовршувањето.

фото инстаграм/Марко Ѓоковиќ

– Тоа е животна филозофија. Бев во депресија на 20 години, а потоа го запознав Имаз во Марбела. Многу ми помогна, почнав да работам на себе. Љубовта и мирот, всушност, значи да се сакате себеси за да можете да ги сакате другите луѓе. Тоа е она што и Новак сега го чувствува – изјави Марко, кој веќе четири години ужива во стабилна врска со бразилската дизајнерка Летисија Тесари, а дека нивната љубов цвета а за тоа сведочи и неодамнешната објава на неговата избраничка.

фото инстаграм/Марко Ѓоковиќ

– Марко… не знам од каде да почнам кога мислам на тебе, кога зборувам за тебе, кога те гледам… не знам од каде да почнам… затоа што моите чувства кон тебе немаат „Почеток и крај… не постојат зборови преку кои можам да искажам како се чувствувам во моментите во кои живееме заедно… Посакувам да можам да го објаснам необјаснивото, секој пат кога ќе се обидам да откријам што е тоа што го чувствувам за тебе, одново… не знам од каде да почнам. Мојата љубов кон тебе започнува секој ден, како да е почеток на нешто сосема ново и необјасниво. За почеток би можела да кажам дека те сакам“, напиша бразилската убавица пред неколку месеци.

фото инстаграм/Марко Ѓоковиќ

Иако многу се шпекулираше дека тие ја крунисале нивната љубов сепак, откако Ѓорѓе Ѓоковиќ се ожени со водителката Сашка Веселинов, Марко Ѓоковиќ останува единствениот неженет од тројцата браќа.

nportal.rs

Тој, како и останатите членови на семејството присуствуваше на овој важен настан во придружба на својата избраничка, па, којзнае, можеби околностите ги инспирираа со некои идеи.

nportal.rs

Во секој случај, беше убаво да се види Марко бидејќи додека другите членови на неговото семејство ги гледаме горе-долу постојано, средниот брат на семејството Ѓоковиќ е убедливо најмалку достапен за пошироката јавност и живее во Шпанија со години.

Ata Images

Свадбата на Ѓорѓе Ѓоковиќ затоа беше можност да го видиме во Белград. За него, како и за сите други од семејството Ѓоковиќ, ова беше незаборавен ден, па дефинитивно имаше причина за насмевките кои постојано ги споделуваше со насобраните фоторепортери. Друга, речиси подеднакво важна причина беше неговата убава бразилска девојка Летисија Тесари.

Ata Images

Марко и Летиција живеат заедно во Марбела и долго време се во хармонична врска, а венчавката на Ѓорѓе Ѓоковиќ беше ретка можност за неа да го посети Белград.

Ata Images

Таа по професија е дизајнерка и е посветена на уметноста, а својот партнер го поддржува во кариерата која ја постигна на Тениската академија во споменатиот шпански град.

фото инстаграм/Марко Ѓоковиќ

Марко во една прилика изјави дека постојано бил во сенка на Новак а тоа му пречело.

фото инстаграм/Марко Ѓоковиќ

– Многу страдав затоа што целата своја среќа ја засновав на сонот да постигнам успех на теренот, а тој не дојде. Како тоа да не беше доволно, јас покрај себе имав лице кое го постигна тоа, мојот брат Новак и бев опседнат да го постигнам истото. Сепак, резултатите не дојдоа и секој ден бев се повеќе и повеќе несреќен. Може да се каже дека буквално се изгубив истакна Марко.

фото инстаграм/Марко Ѓоковиќ

– Не можев повеќе да издржам. Бев во многу лоша состојба и не дозволував да го изразам тоа затоа што не сакав другите да мислат дека сум толку слаб. Ова е, за жал, вообичаено. Многу луѓе кои страдаат емоционално го кријат тоа затоа што се срамат. Се обидував да ги сокријам чувствата се додека не пристигнав на теренот. Целата болка и гнев што се наоѓаше на теренот не можеше да се сокрие. Она што сте во животот може да се види на тениското игралиште – изјави Марко Ѓоковиќ и посочи дека сега сето тоа е зад него.

 

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close