Кафе муабет
Марија Шерифовиќ непрепознатлива: По строгата диета пејачката покажа како изгледа- “Се исушив”
Ослабна седум килограми за еден месец...
Пејачката Марија Шерифовиќ подолг период мака мачи со килограмите, а сега е решена да ја доведе линијата до совршенство.
Иако не се осмелила да направи толку голема животна промена поради напорниот распоред, сепак решила сериозно да се позанимава со својот изглед.
Таа редовно тренира, а нејзиното мени е внимателно одбрано.
Резултатот е седум килограми помалку за еден месец, а сега на социјалната мрежа Инстаграм истакна дека и самата била изненадена од исходот.
– Тоа е тоа! Се исушив – напиша Марија, додавајќи на шега:
– Од утре јадам, умерено! Ха-ха-ха-ха!
Сакала да дознае се за нејзините корени…
Марија Шерифовиќ неодамна за српските медиуми открила дека направила ДНК тест и дека резултатите од истражувањето се многу интересни.
Пејачката во емисијата „Сценирање“ изјави дека отсекогаш имала голема желба да дознае се за нејзиното потекло.
Фамилијата Шерифовиќ беа богаташи во Врање и отидов да копам да видам кои се и што се, во градскиот музеј има разни работи од прабаба ми и прадедо ми, но ќе дознаам, бидејќи сакам баш прецизно да се занимавам со тоа.
-Дури неодамна направив и ДНК тест, генетски тест, да видам од каде влечам корени. Тоа се прави преку плунка и тоа истражување трае околу 45 дена, а потоа ја добивате точната географија од каде потекнуваат вашите корени“, рече таа.
Пејачката додала дека за време на истражувањето што го направила дознала дека има проблеми и со глутенот.
„Значи, мене има каде ме нема… Не сум во Кина, Австралија и Нов Зеланд, но 60,9 проценти се во Грција и Балканот, што е логично со оглед на нашата историја. Така дознав и дека имам „Проблем со глутенот. Забавно е да се знае од каде доаѓаш“, рече таа.
Да потсетиме, Марија Шерифовиќ во истата емисија проговори за односот со родителите, но и за нивниот развод и откри како тоа влијаело на неа.
Пејачката истакна дека не можеме да ги избереме нашите родители, но дека не би ги менувала своите бидејќи тие ја направиле таква каква што е денес.
– Би рекла дека нивните улоги се еднакви. Не можеме да избереме родители. Дали би ги смениле? Голема е веројатноста да не би, затоа што кога би ги променила веројатно би билз обичен и досаден човек, а тоа не можам да го замислам. Затоа што нз сè што е досадно и обично никој не се сеќава. Клучната улога е во мојот живот игра тоа што имав вакви родители. Нивната желба беше да почнам да се занимавам со овој бизнис на 18 години, па така главна отскочна даска ми беше и нивна најголема поддршка – истакна пејачката во емисијата „Сценирање“.
Пејачката исто така откри како разводот на нејзините родители влијаел на неа и посочи дека тој момент не ја погодил.
-Тој момент не ме погоди ниту ме интересираше, бидејќи таа година се преселив во Белград. Го започнав мојот живот и им реков да прават што сакаат. Требаше да го направат тоа одамна, наместо да гледаме разни циркуси. Тоа е мојот единствен јавен апел до сите луѓе кои имаат деца. Подобро е да имате здрави и насмеани родители отколку пеколни детства каде децата треба да преживеат нешто што не сакаат поради нивните родители. Тоа е мојот став, не мора да значи дека е точен, туку е мој – изјави пејачката.