Кафе муабет
Марина си фати нов дечко: Конечно го преболе Дарко- овој фраер и ја врати вербата во љубовта
Со Дарко се во добри односи...
Поранешната свршеница на Дарко Лазиќ, Марина Гагиќ, со која пејачката го има синот Алексеј, го откри своето ново момче.
Иако неодамна се шпекулираше дека Дарко Лазиќ и неговата поранешна свршеница Марина Гагиќ ја обновиле љубовта, сепак тоа беа само шпекулации.
Имено, тие се обидуваат да ја измазнат врската и заедно учествуваат во одгледувањето на синот Алексеј, кој пред неколку месеци го прослави својот трет роденден.
Така на социјалните мрежи се прошири видеото каде пејачот ги пречекува Марина и Алексеј на аеродром, што ги подгреа приказните за помирување.
Меѓутоа, не долго после тоа, Дарко објави фотографија од теретана со својата нова девојка Катарина, која и ја претстави на јавноста една недела претходно.
Марина сега за прв пат објави видео од нејзиниот избраник како ја бакнува, а сите се согласија дека таа блеска од среќа.
Новото момче на Марина Гагиќ е извесен Јован кој е токму спротивното од Дарко Лазиќ.
Дарко повторно заљубен
Дека Лазиќ е повторно заљубен призна и тој самиот пред извесно време кога се појави во една емисија со својата нова девојка.
– Дарко веќе некое време ужива во врска со Катарина С. Таа е една година постара од него, има 32 години. Во брак е три-четири години. Тој човек е спортист, поседува теретана во едно гратче во Срем, каде работи и како тренер. Долго време се обидувале да добијат дете, но не успеале. Отишле и на ин витро оплодување. Веројатно ова е една од причините поради која настана проблем меѓу нив – изјави неодамна извор за српски Курир.
Како што се шушка во медумите, Катарина се уште е законски мажена, а наводно го оставила сопругот и се вселила во станот на пејачот.
„Со Дарко прва кликна Катарина. Тие веќе подолго време се во контакт преку социјалните мрежи, а се познаваат и долго време. Таа често одела на неговите настапи. Сепак, тие го интензивираа своето пријателство по заедничките тренинзи во теретана и консултациите за исхраната.
Лазиќ лудуваше по неа и не му беше гајле што е мажена жена, тоа воопшто не му пречеше. Иако Катарина се уште официјално не се развела, пред извесно време, без објаснување, само ги собрала работите од куќата во која живеела со сопругот и се вселила кај Дарко“, пренесува порталот.
„Сопругот на Катарина беше во шок, навистина се чувствуваше изневерено. Веднаш ги избриша сите заеднички слики со сопругата, а наскоро и таа го стори истото. Сега се помири со тоа, се врати на тренинзите и на работата, тоа го исполнува. Инаку, Ката и Дарко беа заедно на море. Со нив беше и нејзината помлада сестра. Иако на почетокот тоа го криеја, подоцна се опуштија, па најпрвин објавија селфи од теретана, а потоа таа го бакна во уста додека тој на настап ја пееше неговата песна „Моите бивши жени“, а сето тоа некој го снимил и објавил на социјалните мрежи“, пишува порталот.
Се шушкаше и дека за роденден Дарко и подарил силикони на новата девојка.
„Дарко и плати на Катарина да и вградат силикони во градите во една позната клиника. Деновиве треба да оди да ја направи таа интервенција. За тоа искеширал 3.000 евра и око не му трепнало. Тоа многу ја израдува, одамна има желба да ги зголеми градите“, пренесува Express.rs.