Бебе
Мама редовно ја облекува во дизајнерска облека – Има само една година и полн гардеробер со Гучи, Версаче…
Суела, која го води профилот на нејзината ќерка, честопати наидува на коментари од луѓе кои мислат дека ја користи својата ќерка за самопромоција
Суела Гилај (26) и нејзиниот свршеник, 28-годишниот Фабијан, уште од раѓање ја облекуваат својата ќерка Азалеа Елезај со скапа облека.
Оваа 17-месечна девојка во својот плакар има парчиња облека од дизајнерски куќи Гучи, Версаче, Бурбери и Живанши, со вкупна вредност од над 5000 илјади евра.
Мама редовно ја облекува во дизајнерска облека, па малата Азалеа, со повеќе од 13.000 следбеници на Инстаграм, стана една од најмладите инфлуенсери.
Сепак, не е сè прекрасно. Суела, која го води профилот на нејзината ќерка, честопати наидува на коментари од луѓе кои мислат дека ја користи својата ќерка за самопромоција и ја облекува во прескапа облека.
„Кога ја гледам, се гледам себеси и сакам таа да биде најдобрата верзија на минијатурното ЈАС“, објасни мајката . Таа вели дека нејзината ќерка сака да позира, иако не е секогаш во добро расположение. „Луѓето ја следат затоа што сакаат да видат што таа носи. Различни брендови и ѝ испраќаат подароци, а многу дизајнерска облека на фотографиите се подарок или купена на продажба.
„Само се плашам дека таа нема биди среќна за она што го правам кога ќе порасне, но се надевам дека ќе сфати дека и го посакувам само најдоброто “, додава Суела.
Таа е убедена дека не фрла пари, иако вредноста на дел од парчињата на оваа девојка надминува неколку илјади евра.