Кафе муабет
Мама Луна ја снимаше својата ќерка во најслаткото издание што сме ја виделе досега!
Миа како балериничка!
Џогани уште еднаш покажа како ужива со ќерката
Поранешната победничка во најгледаното ријалити шоу во регионот која воедно е и блогерка и пејачка, Луна Џогани, неодамна се породи и на овој свет го донесе своето прво дете, ќеркичката Мија.
Таа од тогаш редовно со своите следбеници на Инстаграм ги објавува моментите поминати со својата наследничка.
Па така Џогани и сега сподели еден интересен момент и повторно ги разнежни своите следбеници.
Овој пат Луна објави кратко видео на кое ја држи ќеркичката која што е облечена во розово од глава до пети.
Таа изгледа како мала балерина, па затоа Луна и напиша:
„Балеринка!“
Инаку, Џогани неодамна зборуваше за мајчинството и ги изненади сите со тоа што го кажа за нејзиниот сопруг.
Еве што изјави таа тогаш:
„Бебето јаде добро, за тројца. Но јас не ја дојам. Тука е дохраната. Марко спие како мечка. Имаме договор, тој работи, станува рано, јас не работам, на породилно сум и задолжена сум ноќе. Тој е тука наутро, околу пет, шест, кога ќе започне да вреска. Јас тогаш малку ќе отспијам. И двајцата менуваме пелени. Не е од мажите што се плашат, што бегаат од тоа, не сакаат да учествуваат во тоа“.
„Од првиот ден ја чуваше, се галеше и внимаваше на неа. Некогаш дури имам и проблем да му ја земам од рацете“, изјави Џогани тогаш.