Новости

Македонски доктор објаснува зошто имаме толку тешки случаи од коронавирусот и дали витамините помагаат или одмагаат!

Витамин кој игра најважна улога во спречување на потешка клиничка слика

Светот речиси цела година се бори со новиот сmртоносен вирус Ковид-19.

 

foto eZadar.hr

 

Сега е периодот кога доаѓа и сезонскиот грип и настинка, а токму тоа соединување ги плаши докторите.

Здравствените власти апелираат дека сега е особено важно е да се подигне имунитетот на највисоко ниво, а клучот за одбрана од вирусот го држат хранливите материи, пред се витамини.

 

 

Запознаени сме дека моментално сите здравствени прегледи се со закажување, а доколку имате било каков симптом на коронавирус, најпрво телефонски се консултирате со матичниот доктор, кој дава насоки за понатамошно лекување.

Токму на оваа тема, директорот на Токсикологија, доктор Нико Беќаровски, говореше во своето гостување во емисијата Топ- Тема на телевизија Телма.

 

 

Тој рече дека е против ваквиот начин на лекување, бидејќи сосема е поразлично кога пациентот ќе го прегледа стручното лице, отколку да се води медицина по телефон.

„Тука е малку дискутабилен и начинот, со кој јас лично не се согласувам, а тоа е преку телефон да се води медицина. Друго е кога пациентот ќе го види стручно лице, односно доктор. Ние дојдовме до ниво на телефонска и онлајн медицина. За жал, пациентот, односно испитаникот некогаш не може да го препознае својот симптом. Можеби кога ќе го види докторот ќе препознае некој од симптомите кои вака самиот не може да ги каже“, рече Беќаровски. 

 

foto kurir.mk

 

Тој вели дека некои протоколи мора да постојат, првин за одредување на клиничката тежина на сликата, но и кој каде ќе се лечи.

Тој појаснува дека е против лекувањето по телефон бидејќи во разговор со матичните лекари тие признаваат дека немаат конкретни насоки за лекување.

 

foto Index 24.mk

 

Јас разговарам со матичните лекари, и тие велат дека немаат некои конкретни насоки. Знаете на што се сведува лекувањето – пијте дома цинк, Ц и Д витамин, не може лекувањето само на тоа да се сведе“, рече Беќаровски во Топ- Тема.  Тој исто така истакна дека најважно е да се однесуваме одговорно. Веќе споменатото лекување со витаминот Д, го поддржуваат многу доктори, но секако не препорачуваат за оние пациенти со тешка слика, лекување на своја рака.

 

 

Витаминот Д игра важна улога во спречување на потешка клиничка слика кај пациенти со Ковид-19?

На оваа тема неодамна дискутираше и имунологот професор д-р Борислав Каменов од Србија.

 

 

– Направена е студија во Индонезија каде испитале 100 пациенти кои имаат нормални вредности на витамин Д и 100 пациенти кои имаат дефицит. Првиот разви многу лесна слика за коронавирус а вторите 100 беа со тешки симптоми. И тоа покажа дека витаминот Д е многу важен – рече докторот.

 

 

Научниците се согласни со тоа дека витаминот Д игра важна улога во нашето тело, бидејќи како што тврдат тежок недостаток на овој витамин, особено под вредноста на 12 нанограми на милилитар крв, предизвикува болна деформација на коските, која кај малите деца се нарекува рахитис, а кај возрасните остеомалација.

Која храна е богата со Витамин Д?

Храната богата со овој витамин е главно риба и млечни производи .

 

 

Јована Срејиќ Ферлуга која е специјалистот, професионален нутриционист, диететичар истакна дека за да имаме доволно витамин Д, треба да бидеме изложени на сонце 10 до 30 минути неколку пати неделно. Но, повеќето луѓе не успеваат во тоа. Затоа, потребен е додаток на витамин Д плус К2 а дозата на витамини треба да биде помеѓу 5.000-10.000 меѓународни единици.

 

 

Недостаток на Витамин Д причина за повеќе незаразни болести

Според повеќето истражувања, недостатокот на витамин Д е причина за повеќе хрони чни боле сти како висок крвен притисок, дијабетес, кардиоваскуларни заболув ања, метаболен синдром. Токму пациентите со овој тип на болести се оние кои најмногу треба да внимаваат, бидејќи Ковид-19 за нив може да биде фатален.

 

Третман со витамин Ц за инфекција со корона вирус

На критичните пациенти кои се заразени со корона вирус во најголемиот болнички систем во државата Њујорк им даваат многу високи дози на витамин Ц.

 

Американскиот д-р Ендру Вебер, пулмонолог и специјалист за интензивна нега во болницата, на своите пациенти во одделот за интензивна нега со корона вирус им дава 1.500 мг витамин Ц, интравенозно.

Идентични количини на овој моќен антиоксиданс повторно се даваат, три или четири пати на ден, вели д-р Вебер. Шемата за третман е заснована на експерименталниот третман на луѓето во Шангај, Кина.

 

„Пациентите кои примале витамин Ц се чувствувале значително подобро од оние кои не примале витамин Ц“ – вели д-р Вебер, додавајќи дека нивото на витамин Ц кај пациенти со коронарен вирус остро се спушта кога нивното тело прекумерно реагира на инфекцијата.

Според Вебер, витаминот Ц се користи во комбинација со антималарискиот лек хидроксихлорокин и антибиотик, кои исто така покажале многу добри резултати во третманот на корона вируси.

 

Според д-р Роналд Ханингеке, светски познат експерт за витамин Ц, кој лично контролирал десетици илјади дози на овој витамин, сугерира дека медицината толку споро ја сфаќа важноста на витамините, бидејќи тие ги гледаат како едноставни витамини, иако на пример витаминот Ц всушност е моќен антиоксиданс кој може многу да помогне во неутрализирање на патогените микроорганизми кога се зема во големи дози.

Витаминот Ц за време на пандемијата на САРС во 2003 година

За време на пандемијата на САРС, фински истражувач повика на истражување за употреба на витаминот Ц, откако научниците покажаа дека го намалува времетраењето и сериозноста на настинките кај луѓето и значително ја намали чувствителноста на пневмонија.

 

 

Во писмото објавено во списанието „Антимикробна хемотерапија“, д-р Хари Хемилија го напиша следново:

„Неодамна е идентификуван нов вирус корона како причина за сериозен акутен респираторен синдром (САРС). Во отсуство на посебен третман, треба да се земе предвид можноста витаминот Ц да има неспецифично дејство врз некои вирусни инфекции на респираторниот тракт.

Постојат бројни извештаи дека витаминот Ц може да влијае на имуниот систем, на пример, функцијата на фагоцитите, трансформацијата на Т-лимфоцитите и производството на интерферон. Особено, витамин Ц ја зголемува отпорноста на трахеалните култури на инфекција од птичји корона вирус“.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close