Кафе муабет

Македонскиот фолкер сподели многу убави вести- Спасен Силјановски не може да ја тргне насмевката, честитки добива од сите страни

Купи нов дом на Водно...

Спасен Силјановски е еден од најбараните македонски фолк пејачи кој ги освои срцата на публиката со својот посебен начин на изведба и специфичниот глас а особено со неговата љубов кон татковината.

фото Фејсбук/ Благоја Грујовски
фото Фејсбук/ Благоја Грујовски

Често пати е отсутен од дома но кога ќе се врати во својата татковина го чека неговото семејство а тој често пати знае да сподели фотографии со нив и да покаже колку му значат заедничките моменти.

фото Фејсбук/ Благоја Грујовски

Пред осум години Спасен ја круниса својата љубов со неговата сопруга во кичевскиот манастир Пресвета Богородица Причеста, и денес имаат две деца.

фото Фејсбук/ Благоја Грујовски

Тие се вистински пример како треба да изгледа едно семејство кое секој слободен момент го користи да го помине заедно.

фото Фејсбук/ Благоја Грујовски

Спасен секогаш со гордост зборува за неговото семејство, за кое вели дека му е најголема поддршка и мотив во животот.

фото Фејсбук/ Благоја Грујовски
фото Фејсбук/ Благоја Грујовски

„Имам семејство кое ја негува македонската традиција и музика. Често пати знаеме да седнеме да се расположиме, да запееме по некоја песна“, изјави тој во една прилика.

фото Фејсбук/ Благоја Грујовски

За својата сопруга секогаш има само пофални зборови и често на социјалните мрежи ја покажува и романтичната страна.

фото Фејсбук/ Благоја Грујовски

„Честопати сам се прашувам дали ќе можам да им ја обезбедам најдобрата иднина?
Искрено не знам…Никој на овој свет не е совршен, па ниту јас…

фото Фејсбук/ Благоја Грујовски

Но, знам дека ги сакам повеќе од сѐ друго на овој свет…На крајот љубовта е поважна од ѐ нели…“, напиша Спасен во една прилика за своите најмили.

фото Фејсбук/ Благоја Грујовски

Но она што сега е ново кај него е новиот дом.

фото Фејсбук/ Благоја Грујовски

Имено на социјалната мрежа Фејсбук колегата на Спасен, Благоја Грујовски сподели фотографија на која се прегрнати и воедно му го честиташе новиот дом на Водно.

фото Фејсбук/ Благоја Грујовски

-Со среќа новиот дом на Спасен на Водно! напиша Баже во описот на фотографијата а честитки доби и од многу колеги и пријатели кои му посакаа здравје и благосостојба.

фото Фејсбук/ Благоја Грујовски
фото Фејсбук/ Благоја Грујовски

Да потсетиме, Спасен потекнува од с.Пополжани Кичевско, за кое вели дека е најубавото местенце во Македонија. На 4 години веќе чисто и целосно ја пеел познатата песна „Крушево абер пристигна“, а на својот шести роденден ја добива првата хармоника, која и до денес ја чува како сувенир.

Фото Фејсбук/Спасен Силјановски

Тој е многу приврзан и за својата мајка, Јагода, која најчесто ги пишува текстовите за неговите песни.

Фото Фејсбук/Спасен Силјановски
Фото Фејсбук/Спасен Силјановски
Фото Фејсбук/Спасен Силјановски
Фото Фејсбук/Спасен Силјановски
Фото Фејсбук/Спасен Силјановски

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close