Кафе муабет

МАКЕДОНСКИОТ РАПЕР ТАСКО ЌЕ СТАНЕ ТАТКО – На уникатен начин со сопругата го открија и полот на бебето

Музичарот ќе стане татко...

 

Македонскиот артист Христијан Тасковски Таско објави дека наскор ќе се оствари во улога на татко.

         Фото/Принтскрин

Тој и неговата сопруга Наташа која е сопственичка на салон за убавина минатото лето стапија во брак по ти ипол години врска.

Фото/Принтскрин

„Се оженив пред четири месеци. Знаеш, како растеш и созреваш, природно доаѓа и тоа да сакаш да се ожениш. Се венчавме во матично и сè уште сме на два ума дали да правиме свадба, ама мислам дека ќе направиме за да ги испочитуваме постарите генерации околу нас“, раскажа неодамна Таско за „Репортер“.

Фото/Принтскрин

Таско и Наташа на уникатен начин го открија и полот на бебето.

Фото/Принтскрин

Имено, и двајцата облечени во бело пукнаа балон од кој испрска сина боја на бели ,,најк’’ патичиња, што подразбира дека бебето ќе биде машко

Фото/Принтскрин

Инаку Таско е роден во на 25-ти февруари 1996 година во Скопје.

Фото/Принтскрин

Започнал да се занимава со музика во 2011 година. кога ја снимил и својата прва песна, а набргу потоа се запознал со Tracker и започнал да соработува со Urban Records.

Фото/Принтскрин

Тој го направи своето деби на музичката сцена во 2016 година со соработка со Мартин Петровски на песната Ламбурџини.

Стана познат во пошироката македонска јавност по објавувањето на синглот Рутина во април 2018 година.

Фото/Принтскрин

Сорабоотувал со Tracker и 2Bona, со кои објави неколку песни.

Во април 2019 година објави дует со Слаткаристика под името Марадона.

Фото/Принтскрин

Покрај музиката, Таско се занимава и со мода – тој е заштитно лице на компанијата Најк во Македонија.

Фото/Принтскрин

Фото/Принтскрин

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close