Кафе муабет
Македонската Бијонсе замина во Германија: Марија Груевска искрено – Не ми се допаѓа тука, сакам да се вратам во Македонија
Размислува за враќање...
Јавноста ја запозна Марија Груевска за време на натпреварот во „Ѕвездите на Гранд“ која покажа дека знае како да направи вистински спектакл.
Со текот на времето Марија го доби и епитетот македонска Бијонсе.
Нејзиното појавување на грандиозната сцена во сите оние костуми никого не оставија рамнодушен.
Таа затоа уште од самиот почеток беше издвоена од сите како најоригиналната натпреварувачка во шоуто.
Но и покрај успехот кој го постигна Марија ги спакува куферите и со својот сопруг Синиша Стојаноски замина во Германија.
Таа за Гранд изјавила дека воопшто не и се допаѓа таму и дека би сакала да се врати дома во својата родна земја.
„Се преселив во Германија, но да бидам искрена, не ми се допаѓа таму. Во последно време размислувам да се вратам назад, бидејќи Балканот е најдобар. Таму сум навикната, но и сите ми се таму“ – изјавила пејачката за „Гранд“.
Марија во оваа прилика не сакала да открие која е причината поради која заминала во Германија, дали поради финансии или сосема други причини.
Да потсетиме Марија минатата година зачекори во брачните води со нејзиното момче Синиша Стојаноски.
Пејачката на својот Инстаграм профил сподели фотографии а венчаницата предизвика бура од коментари.
Под објавите на Инстаграм следуваа дузина комплименти и убави желби, а дамите се посебно воодушевени од венчаницата заради која шармантната Груевска изгледаше како модерна принцеза од холивудските филмови.