Кафе муабет

МАКЕДОНКА го нашминка Меси за најлајкуваната фотографија со КРИСТИЈАНО РОНАЛДО, ПОГЛЕДНЕТЕ ЗА КОГО СТАНУВА ЗБОР

Македонка го нашминка аргентинскиот фудбалер...

Пред два дена, светот го обиколи фотографијата на која Лионел Меси и Кристијано Роналдо играат шах на куфер од брендот „Louis Vuitton“, а истата стана една од најпопуларните објави во историјата на Инстаграм.

Фото/Принтскрин

Но, малкумина знаат дека Македонката Симона Аврамова беше задолжена за шминката на аргентинската фудбалска легенда Меси, за потребите на оваа фотосесија.

Фото:Инстаграм/ Симона Аврамова

Оваа талентирана девојка речиси 7 години живее во Барселона и работи како професионална шминкерка и фризерка на голем број светски познати личности, за потребите на повеќе реклами, модни едиторијали и филмови.

Фото:Инстаграм/ Симона Аврамова

Ексклузивно за „Слободен печат“, таа раскажала како дошло до оваа соработка и како се чувствува во врска со тоа што е дел од приказната која моментално е главна тема во јавноста.

Фото:Инстаграм/ Симона Аврамова

„Иако сум му професионален шминкер на Лео Меси веќе подолго време, кога продукцијата ми кажа дека ќе имаме фотосесија со Ени Лејбовиц како фотограф и нејзината сестра Барбара Лејбовиц како видеографер за ‘Луи Витон’, вклучувајќи го и Кристијано Роналдо, јас си реков: ‘Ова ќе биде фотосесија на годината!’. Многу бев возбудена за можноста да бидам дел од тимот – сите беа толку прекрасни и професионални. Пред сѐ, сите бевме многу среќни и возбудени што создаваме една таква историска фотографија“, вели Аврамова за Слободен печат.

Фото:Инстаграм/ Симона Аврамова

Фото:Инстаграм/ Симона Аврамова

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close