Кафе муабет

Македонката направи хаос во „Ѕвездите на Гранд“ – Цеца во „шок“, Марија Шерифовиќ се качи на масата, вакво нешто не сте виделе!

Кандидатката е вистинско изненадување

Милица Трајков од Македонија никого не остави рамнодушен со својот последен настап во „Ѕвездите на Гранд“.

Милица која е од тимот на Александар Милиќ Мили настапи во дуел со Алекс Шуковиќ од екипата на Светлана Цеца Ражнатовиќ.

Тие и двајцата донесоа добра енергија на сцената, по што Милица освои шест, а Алекс пет гласови од жирито.

Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Милица со своите заслужени шест гласови директно се пласираше за следниот круг, додека другиот кандидат замина во бараж.

Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Но она што исто така беше интересно за овој дуел и што многумина воодушеви е и реакцијата на Марија Шерифовиќ која понесена од енергијата на младата пејачка се качи на масата и направи хаос во студиото.

Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Милица настапи со песна од Даница Крстиќ и „Инсомнија“ од Јелена Карлеуша, а Марија воодушевена од нејзиниот настап изјави:

„Кандидатката е апсолутно изненадување. Имаше тука грешки, но на кого му е гајле?!“, беше искрена пејачката.

Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

И Ѓорѓе Давид беше воодушевен од настапот на Милица.

Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

„Кандидат број еден, ти си сериозна хиена. Таа не е изненадување, ти вечерва беше лавина. Капата долу“, изјави тој.

Фото: Принтскрин/ Инстаграм

Од друга страна, кандидатот од тимот на Цеца доби критики, па пејачката реагираше со следниве зборови:

„И оваа малечка не пееше точно, но одигра, покажа. Момчето воопшто не беше толку лош за да го скратам со глас“, изјави Цеца, по што Ана Бекута и Драган Стојковиќ Босанац изјавија дека нејзиниот кандидат сепак не бил за шест гласови, а со нивниот став се сложи и Мили.

Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

„Ти молчи, зошто се мешаш?“, му се обрати Цеца на својот колега кој и беше ментор на Македонката.

Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

„Затоа што јас сум единствениот реален. Јас кога ќе кажам тоа е така. Со аргументи велам дека натпреварувачот број еден беше подобар. Не знам кој му е ментор, ама секоја чест за него, изјави тој во шега.

Пота се вклучи и Снежана Ѓуришиќ, која изјави дека и двајцата пееле подеднакво добро, но Милица „горела“ на сцената.

Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

По ова се вмеша и Саша Поповиќ кој појасни:

Таму пишува Ѕвездите на Гранд, а тоа е сублимација на се – и пеење и настап, и сé, почна Саша, но Цеца веднаш го прекина.

Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Таа го правдаше својот кандидат и барајќи од своите колеги повторно да гласаат, бидејли според неа не биле фер.

„Ма ти си македонско змејче. Вечерва за мене беше далеку подобра од сите“, изјави Босанац за Милица која за него беше перфектна.

Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Цеца не се согласуваше со коментарите на своите колеги, тврдејќи дека Милица пеела фалш, по што мораше да реагира и Сања Кужет која ја прекина нивната расправија и ги најави следните натпреварувачи.

Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Инаку, Милица и во претходните кругови со своите настапи никого не оставаше рамнодушен. Таа се занимава и со модерен балет, така што воопшто не и беше тешко да се погрижи за секој детаљ на сцената и да приреди вистинско шоу. Како таа изгледше и тогаш, погледнете во продолжение:

Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close