MAMA

Маж со аутизам конечно заминува дома од болницата во која помина преку 20 години

Најосамениот човек во Британија, конечно ќе си оди дома

Тони Хикмот, 45 годишен аутистичен маж, конечно доби добри вести, кога му беше кажано дека може да оди да живее во близина на своето семејство во Брајтон, со правилна поддршка од стручни лица, откако беше одвоен од своето семејтво во 2001 година. Болницата каде престојувал како и локалните власти добиле огромен број на критики во врска со овој случај.

ФОТО: Принтскрин/Тони Хикмот

Семејството конечно ја доби долгогодишната битка за да го врати дома аутистичниот маж, кој 21 година бил држен во обезбедувана болница.

На Тони Хикмот конечно му било кажано дека може да оди дома ,откако во 2001 ва година бил задржан во оваа болница поради таканаречени кризи во неговото ментално здравје.

ФОТО: Принтскрин/Тони Хикмот со своите родители во 1990 година

Оваа болница е создадена за лица кои треба да бидат задржани на краток временски период, но и покрај тоа, а и покрај битката за негово порано ослободување и обезбедување на соодветен дом во близина на неговото семејство, тој беше таму повеќе од две децении.

ФОТО: Принтскрин/Пам и Рој Хикмот родители на Тони Хикмот

-Тој доаѓа конечно дома-изјави неговата 78 годишна мајка Пам, која и го пријави овој случај на јавноста, и додаде:

-Конечно ќе добие вистински дом. Ќе го донесеме дома и секој ден со него ќе биде вистински бонус.

ФОТО: Принтскрин/Тони Хикмот со неговата мајка

Судијата ја критикуваше оваа установа минатата година и им даде задача на овластените во случајот, да го озбезбедат Тони, да му најдат место каде безбедно ќе живее, како и релевантен пакет за нега, во близина на неговите родители во Брајтон.

Еден од вработените, кој работел во Единицата за проценка и третман каде што и е сместен г-дин Хикмот, минатата година рекол дека Тони Хикмот е најосамениот човек во болницата.

ФОТО: Принтскрин/Тони Хикмот

Тој морал да зборува со персоналот преку отворот од вратата, кој дури и ја изгубил својата боја од тоа колку пати морал Тони да чука по него или да го удира доколку има некаква потреба.

Оваа година Комисијата за квалитет на нега рече за оваа болница, на која не и е откриено името за да се заштити благосостојбата и грижата на г-дин Хикмот, дека не ги задоволува потребите на пациентите.

ФОТО: Принтскрин/Тони Хикмот

Извештајот направен за работата на болницата објаснува за недостаток на персонал, недостаток на обука, како и зголемување на рестриктивните интервенции. Истакна како роднините на пациентите се жалеле дека на нивните најблиски им се даваат тешки лекови и дека имаат малку интересни и значајни активности во кои можат да уживаат и да се разодонуваат.

Новите приеми на пациенти за оваа болница се стопирани, поради тоа што се смета дека тие повеќе ќе нанесат штета отколку нешто добро на идните пациенти.

ФОТО: Принтскрин/Фил Девајн-поранешен вработен во болницата каде бил Тони

Во декември 2021 година, Пам и Рој(82), родителите на Тони Хикмот, кои живеат на два часа од болницата го предале својот случај во Судот за заштита.

Судијата нареди на НХС, како и на Градскиот совет на Брајтон и Хов, што е можно побрзо да му најдат дом на Тони и да се придржуваат до роковите кои им се дадени.

ФОТО: Принтскрин/Родителите на Тони Хикмот

Судијата остро ги критикуваше сите досегашни неверојатни одложувања и никаквиот напредок.

Возбудена дека нејзиниот син конечно доаѓа дома, Пам изјави:

-Со нетрпение го очекувам, да дојде и да ни направи по шоља чај.

ФОТО: Принтскрин/Тони Хикмот за време на престојот во болницата

Додека неговиот татко Рој додаде:

-Тој сака да оди во паб со мене. Тој ќе нарача ролна со сирење. Тоа е она што го сака, ролна со сирење. Ќе биде совршено-пишува Миррор

Извршниот директор за здравствена и социјална заштита на Советот на Брајтон и Хов, призна дека имало неприфатливи одложувања во случајот на г-дин Хикмот, но додаде дека тоа е скап и комплициран процес.

ФОТО: Принтскрин/Возбуда и среќа во семејството на Тони Хикмот кога ја дознале убавата вест
ФОТО: Принтскрин/Тони Хикмот

Извор: Миррор

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close