MAMA

Мажот зеде дигитрон и пресмета колку домаќинките би заработувале ако се платени за својата работа: Од сумата му се заврте во глава

Секоја жена на која работното место и е домот, неретко се соочува со несфаќање од околуната поради количеството на обврски и „работното време“ кое го поминува одржувајќи го своето домаќинство.

Овој маж пресмета колку би требало секој маж да ѝ плати на својата сопруга за целата работа во домаќинството и воспитувањето на нивините деца, па дојде до заклучок дека тие воопшто не можат да си го дозволат тоа.

– Од една страна велиме дека не можеме да си дозволиме сопругата да остане дома. Ама кога ќе размислам … мојата сопргуа останува дома и се грижи за нашиот син секој ден. Му менува пелени, го храни, си игра со него, го заспива и го теши кога е вознемирен.

Секако, такво внимание детето добива и во градинка. Но разликата е во тоа што нашиот син на сопругата и е единствен фокус. Не постојат други деца за кои таа треба да се грижи. Целото нејзино внимание и енергија е насочена кон него.

-Секако дека тоа е нормално за секој родител, да сака и да се грижи за своето дете. Но,на пример, дадилката за таквата работа добива 705 долари неделно, 36.660 долари годишно, а јас тоа би можел никако да си го дозволам.

Нелмес истакнува дека во основа постои професионална услуга за секоја активност која ја извршува секоја мајка и домаќинка, која би требало да се плати.

Прикажа колку тие услуги се наплатуваат просечно годишно.

Околу 33.500 евра чини дадика вработена полно работно време годишно.

-4.700 евра – професионална чистачка

-2.370 евра – личен купувач

-11.400 евра – секојдневен кувар

-3.560 евра се плаќа на финансискиот советник за планирање на домашниот буџет, трошоците и слично

-823 евра Нелмес треба да ѝ плати на жената ако би му била придружничка на деловна вечера

-1.180 евра е трошок за годишно перење на облеката. Платата која мајката и домаќинка би ја имала кога сите нејзини активности се класифицирани како професионални услуги би изнесувале над 66 илјади евра годишно.

„Мојата плата не го покрива она што мојата сопруга го работи за нашето семејство. ВО таа смисла, не би можел да си ја дозволам како работна сила. Во целина, не успеав да и го оддадам признанието кое го заслужува. Зошто сите работи кои таа ги прави за мене и нашето семејство не ги прави поради плата. На чуден начин сега се обидувам да ѝ кажам колку ја почитувам како жена, како мајка и како личност која е секогаш тука за мене и моја потпора во животот“, напиша тој.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close